Браво за македонската мисица: Розман ќе вработи самохрана мајка која бараше помош на социјалните мрежи

На социјаните мрежи често гледаме луѓе кои животните маки ги споделуваат со пошироката бублика со надеж да им се помогне. Ние важиме за претежно хумана нација и тоа е добро. Само на тој начин растеме и ги зајакнуваме напите односи во општеството.

Со премногу солзи во очите, една самохрана мајка побара помош. Нејзината животна приказна ќе ја прочитате во продолжение, а интересно е тоа што нашата позната мисица Емилија Розман веднаш под објавата напиша дека на жената ќе ѝ понуди работа. И тоа е за секоја почит!

Розман има свои цвеќари низ Скопје и успешна е во тој бизнис. Има завршено два факултети и даритекла е на крв со години.