Бремена го испланира самоубиството до детаљ: Принцот Хари ги шокираше сите со признанието на Меган Маркл за депресијата

Фото: Profimedia

Војвотката од Сасекс во интервју за Опра Винфри спомена дека имала самоубиствени мисли за време на нејзиниот живот со кралското семејство, а нејзиниот сопруг сега поотворено зборуваше на оваа тема.

Принцот Хари повторно разговараше со Опра Винфри пред камера, зборуваше за маките што ги имаа Меган Маркл и тој додека беа на позицијата виши членови на кралското семејство. Овој пат, тој се сети како дознал за проблемите на неговата сопруга додека била во напредна бременост.

- Се подготвувавме за концерт во Ројал Холберт Хол. Таа беше во напредна фаза на бременост. Таа дојде до мене и ми рече: Јас сум депресивна, длабоко депресивна. Планирам да си го одземам животот, еве како - рече Хари.

Во интервјуто насловено „Јас, оној што не можеш да видиш“, тој истакна дека многумина во ситуацијата во која се наоѓала Меган земале лекови, а таа не.

- Она што најмногу ме исплаши е јасноста на нејзиниот ум, нејзините мисли. Исто така, планирала точно како ќе го стори тоа, во напредна бременост - објасни војводата од Сасекс и ги потсети сите на неговата болка затоа што ја изгуби мајка си. - Јас веќе изгубив една жена која беше целиот мој свет. А, сега уште една жена, која го носи моето дете, ми рече дека планира да умре. Најстрашно за мене беше што сè уште бевме дел од тоа семејство, од таа приказна. По нејзиното признание, моравме да седнеме во колона автомобили и да одиме на концерт. Како што светлата во ходникот се гасеа, таа почна неконтролирано да плаче.


Можеби ќе ве интересира: