Славната водителка Опра Винфри откри: Еве кои одговори на Меган Маркл и Хари ја шокирале

Добивај вести на Viber

Фото: Youtube/screenshoot/CBS

Славната водителка Опра Винфри проговори за интервјуто со Меган Маркл и Хари кое крена многу прашина и откри дека некои од нивните одговори ја шокирале.

Водтелката за време на промоцијата на нејзината книга „Што се случи со тебе? Разговори за траума, еластичност и лекување“, проговори и за разговорите со Хари и Меган.

Таа истакна дека не очекувала интервјуто да има такво влијание и откри дека многу се подготвувала за интервјуто.

„За мене беше многу важно да му го покажам сето тоа на светот за да можат сите да го видат тоа, но не да излегуваат во јавноста нешта и да не бидат толкувани погрешно пред вистинското интервју“, изјави Опра за списанието „Пипл“.

Разговорот траел повеќе од три часа, а Опра строго забранувала на екипата која го снимила интервјуто да ги открие деталите од интервјуто пред преносот.

„Пуштавме делови на CBS и го сторивме тоа на начин да не може да се користи ништо и да не се протолкува погрешно. Вложен е многу труд и енергија во сè “, додаде таа.

Водителката тврди дека за неа, но и за војводата и војвотката од Сасекс, било важно да ја споделат вистината со јавноста.

„Тие сакаа можност да ја раскажат својата приказна и да бидат што поискрени“, вели Опра, но не крие дека некои одговори ја изненадиле.

„Тоа беше моќно интервју, бидејќи тие беа отворени, ранливи и искрени. Интервјуто се покажа толку добро затоа што тие реагираа искрено на сè. Најмногу ме изненадија изјавите за расизам и кога парот рече дека нивниот син Арчи не добил титула“.

„Тие рекоа дека тој нема да добие титула. Тој нема да добие осигурување што ќе го заштити, туку дека се загрижиле колку ќе му биде темна кожата кога ќе се роди“, се присети Опра.