„Бременоста ми го „разнесе“ телото“: Сопругата на Огњен Амиџиќ откри со што се соочува по породувањето
Водителот Огњен Амиџиќ и неговата сопруга Мина Наумовиќ на 9 март добија син, кој гокрстија Перун, а водителката сега откри со што се соочува по породувањето.
Мина објави фотографија од теретана, и отиде на првиот тренинг по породувањето, но откри дека не било лесно.
- Дури кога ќе се вратите на тренинзите сфаќате колку бременоста го „разнесува“ телото, иако мислев дека не ја ни чувствував – напишала Мина во описот на фотографијата.
Да потсетиме, ова е трет брак на Огњен е со Мина, додека од претходниот брак со манекенката Данијела Димитровска го има синот Матија. Како што сега истакна, останал во добри односи со двете поранешни сопруги.
- Имам две бивши сопруги, бидејќи зад мене имам два брака. Немам деца од првиот брак, имам од вториот брак. Првата сопруга беше јавна личност кога се забавувавме и кога бевме во брак, но подоцна ја промени професијата – изјави Огњен во поткастот „Бункер“ и додаде:
- Со двете бивши сопруги сум во коректен однос, секако поради Матија, така што сето тоа е точно.
Водителот се присети и како започнала неговата љубовна врска со Мина.
- Се запознавме на интервју за работа. Денес се смееме на тоа, кога се запознавме, таа ми остави впечаток со нејзиниот изглед, харизма, воспитување, елоквентност и писменост. Имаше нешто што одамна не сум го видел – изјавила Амиџиќ.
- Почнавме се повеќе да се запознаваме, навистина бев импресиониран, а поубава девојка од неа во животот немам видено. Отпрвин не ѝ верував дека е природна. Од бојата на очите, устата, сè. И така малку по малку се зближувавме како цел живот да се познаваме. Не бевме расположени да ја направиме таа приказна гласно, се случи спонтано затоа што никој не ја планираше, па кога се знаеше се знаеше.
Мина беше дел од последната сезона на „Амиџи шоу“, каде го водеше специјалниот сегмент „Внимавај Мина“. Кога дознала дека е бремена, се повлече од малите екрани и моментално ужива во мајчинството. Огњен не можеше да одговори на прашањето дали неговата сопруга ќе се врати на малите екрани.
Фото:Инстаграм