Бренда од „Беверли Хилс“ е во 4-та фаза од рак и се бори со метастази во мозокот: Актерката ја продолжува храбрата борба

Актерката Шенон Доетри по долго време се појави во јавноста не сметајќи ги објавите на социјалните мрежи. Таа била со пријателите во ресторанот Нобу во Малибу. Ѕвездата на сериите „Беверли Хилс 90210“ и „Шарм“ продолжува да се бори со ракот. Таа неодамна објави дека се бори и со метастази на мозокот. Милиони обожаватели се со неа.

„Мојот страв е очигледен. Многу сум клаустрофобична. Поминав толку многу во животот, но тој стравот... Вака може да изгледа ракот", порача Шенон Доетри на Инстаграм, објавувајќи видео од прегледот. 

На Доетри ѝ беше дијагностициран рак на дојка во 2015 година. Таа беше подложена на мастектомија и беше подложена на хемотерапија и терапија со зрачење. Таа објави дека е во ремисија во 2017 година, а потоа три години подоцна откри дека ѝ бил дијагностициран рак на дојка во четврта фаза.

„Тешко е да се прифати, на многу начини. Има денови кога се прашувам: „Зошто јас?“, а потоа помислувам: „Зошто не јас? Зошто некој друг?. Кој друг го заслужува ова? Никој“, изјави Шенон Доетри за „Добро утро Америка“ во 2020 година. 

Актерката изјави дека се обидела да ја задржи втората дијагноза во тајност додека работела на улогата во продолжението на серијата „Беверли Хилс“: „Луѓето кои се во четврта фаза на рак исто така можат да работат. Знаете, нашиот живот не завршува во моментот кога ќе ја добиеме таа дијагноза. Уште треба да живееме“.

Бренда Волш од познатата серија (оваа улога ја играше од 1990 до 1994 година) и Пру Халивел од „Шарм“ (таа беше член на актерската екипа од 1998 до 2001 година) на социјалните мрежи ја подигнуваат свеста за оваа болест. Се надевам дека ќе ги охрабрам луѓето да одат на мамограф, да одат на редовни прегледи, да го надминат стравот и да се соочат со се‘ што може да им се случи“, рече таа. 

Актерката неодамна беше со колегите од серијата „Беверли Хилс“. Брајан Остин Грин (Дејвид Силвер) го прославуваше својот роденден, а на тој настан со неа беше и Иан Зиринг (Стив Сендерс).


Фото: Youtube - screenshoot/ Инстаграм - Screenshoot

По тешката битка со ракот, сега мора да поминува и низ развод: Актерката Шенон Доерти стави крај на бракот со Курт