По тешката битка со ракот, сега мора да поминува и низ развод: Актерката Шенон Доерти стави крај на бракот со Курт

Добивај вести на Viber

Популарната актерка од хит серијата „Беверли Хилс“ Шенон Деорти се разведува по 11 години брак. Откако и беше дијагностициран рак во 4-ти стадиум таа изјави дека болеста и ја зацврстила врската со сопругот Курт, но очигледно работите тргнале во погрешен правец.

Иако е во лоша здравствена состојба, сега претпре уште еден животен  удар и ќе мора да се соочи со уште еден долг и болен процес –развод.

Актерката во своето соопштение до јавноста објавено на социјалните мрежи потенцира дека сите кои сакаат да ги дознаат деталите за разводот да се обратат кај агентката на Курт, бидејќи таа била интимно вмешана во тоа, со што алудираше дека најверојатно причина за крај на бракот е друга жена.

Она што е потребно во овој момент е таа да биде опкружена со љубов, за да не го влоши и онака кревкото здравје, а тоа стои и во една од последните објави на нејзиниот инстаграм.

-Единствените луѓе кои заслужуваат да бидат во твојот живот се оние кои кон тебе се однесуваат со љубов, љубезност и целосна почит, заклучи актерката.


Фото: Screenshot/youtube