И камен би заплакал: Шенон Доерти откри како изгледа ракот кој ѝ се проширил на мозокот (ФОТО)
Некогаш една од напопуларните актерки во светот Шенон Доерти, најпозната по улогата на Бренда од хит серијата Беверли Хилс, ги извести фановите дека ракот и се проширил на мозокот. Доерти објави и видео од болница на кое и камен би заплакал.
- На 5-ти
јануари, КТ скен покажа метастази во мојот мозок. Вчерашното видео го прикажува
процесот на прилагодување на маската што ја носите за време на зрачењето на
мозокот. На 12-ти јануари се одржа првиот круг на зрачење, напиша таа во описот
на нејзиното видеото и додаде:
-Мојот страв е очигледен. Јас сум екстремно клаустрофобична. Имам среќа затоа што имам одлични лекари како д-р Амин Мирахди и неверојатни техничари. Но тој страв... Превирањата... времето во тој круг... Накратко, еве како може да изгледа ракот, додаде таа.
Инаку, прв пат рак и бил дијагностициран во 2015 година. Рак на дојка. Една година подоцна, таа рече дека болеста се проширила на нејзините лимфни јазли. Во мај 2016 година, таа беше подложена на мастектомија. Една година подоцна, болеста отиде во ремисија, но веќе во 2019 година, Шенон при контрола дозна дека ракот и се вратил, се проширил и дека е во четврта фаза.
Претходно оваа година беше објавено дека Доерти се разведува од нејзиниот сопруг Курт Исвариенко, со кој се омажи во октомври 2011 година. Нејзиниот претставник Лесли Слоун го потврди разводот за USA Today.
-Разводот е последното нешто што Шенон го сакаше. За жал, таа почувствува дека нема други опции. Можете да контактирате со агентот на Курт, Колиер Грим, бидејќи таа е интимно поврзана со него, кратко рече таа, сугерирајќи дека причината за разводот е друга жена.
Фото: ShannenDoherty/Instagram