Бритни Спирс нападната: Се обиде да стапи во контакт со НБА ѕвездата, а доби удар во лице

Добивај вести на Viber

Соопштението за печатот ја шокираше јавноста откако се дозна дека поп-ѕвездата Бритни Спирс наводно била нападната во средата во Лас Вегас. „ТМЗ“ прв ја објави информација за инцидентот што се случил пред ресторанот „Кач“ во хотелот „Ариа“ околу 20 часот и 30 минути.

Изјавата ги поддржува првичните извештаи од „TMZ“ дека Бритни Спирс наводно била нападната откако се обидела да ѝ пријде на НБА ѕвездата Виктор Вембењам.

Властите во Лас Вегас потврдија за „Ролинг Стоун“ дека инцидентот се случил, а во четвртокот беше издадено соопштение од Канцеларијата за јавни информации во Лас Вегас.

View this post on Instagram

A post shared by (@wemby)


- На 5-ти јули 2023-та година, приближно во 23 часот, полицајците на „LVMPD“ одговорија на имот во блокот 3700 на булеварот Лас Вегас во врска со истрагата. Инцидентот е документиран во полициски извештај, а нема апсења или пријави - се вели во соопштението.

Бритни Спирс, како што прво тврдеше „TMZ“ и потврди ова издание, го забележала Вембењам додека одела до влезот на ресторанот. Сакала да му пријде и да се фотографира со него.

View this post on Instagram

A post shared by Maria River Red (@britneyspears)


Таа, наводно, ја потапкала НБА ѕвездата по рамо, што го поттикнало неговото обезбедување. Наводно, како што вели во пријавата, била удирана во пределот на лицето, по што ѝ ги собориле очилата од лицето, при што за малку ќе паднела на земја, стои во полицискиот извештај.

Бритни подоцна се собрала и влегла во ресторанот со нејзиниот сопруг Сем Асгари, според сведоците на „ТМЗ“. Обезбедувањето наводно дошло да ѝ ја објасни ситуацијата, таа го прифатило неговото извинување, но Спирс поднела полициски извештај во кој го обвини чуварот за напад.

Извор: zena.blic.rs