Брижит Макрон ги враќа во мода заборавените фармерки кои повеќе никој не ги носи: Толку добро ги искомбинира, што изгледот е за чиста десетка
Брижит Макрон е една од најдобро облечените жени во Европа, а првата дама на Франција инсистира на едноставност и класични парчиња и ретко отстапува од тоа модно правило. Но, во исто време, таа секогаш успева да изгледа модерно и стилски.
Таа неодамна со својот сопруг Емануел Макрон присуствуваше на традиционалната годишна прослава во градот Бормс Ле Мимоза, посветена на ослободувањето на јужна Франција за време на Втората светска војна. За оваа прилика госпоѓа Макрон избра многу сведено, но ефективно издание кое не остана незабележано.
foto: ProfimediaБрижит избра неколку класици од женската гардероба, кои во пакет даваат лежерна, но и елегантна комбинација со која нема грешка.
69-годишната Французинка се одлучи за бела кошула и бела, кратка јакна со прерамки и ред црни копчиња, а на комбинацијата ги додаде класичните тесни фармерки.И покрај тоа што тесните фармерки со години не се на врвот на листата на популарни модели на фармерки, тие секако се меѓу парчињата што вреди да се имаат, а тоа ни го покажува Брижит. Таа многу често го носи токму овој модел, а овој избор успева да го прилагоди дури и на свечени настани.
Инаку, таа го комплетираше изданието со необична писмо-чанта од лакирана кожа и модерни очила за сонце и впечатлив прстен со сафири.
foto: Profimedia/Instagram
Брижит Макрон и кралицата Летиција ги покажаа најсилните модни адути: Никогаш досега пожестока модна пресметка на двете икони на стилот (ФОТО)