Бубрег од свиња пресаден на човек без мозочна активност: Науката ги урива границите
Десетици лекари и медицински сестри се собраа во болничкиот ходник за да го прослават фактот дека бубрегот на свиња функционирал два месеци нормално во човек без мозочна активност. Драматичниот експеримент заврши во средата кога хирурзите од NYU Langone Health го отстранија бубрегот на свињата и го вратија донираното тело на Морис Милер на неговото семејство за кремирање.
Ова е најдолгиот период досега во кој генетски модифициран свински бубрег функционирал во човек, иако тој бил мозочно мртов. Научниците веруваат дека научиле клучни лекции од истражувањето со мртвите, кои се подготвуваат да ги споделат со Управата за храна и лекови (ФДА) со надеж дека евентуално ќе ги тестираат свинските бубрези на живи луѓе.
"Тоа е комбинација од возбуда и олеснување. Два месеци се долго време за да се одржи свинскиот бубрег во оваа добра состојба. Тоа ви дава голема самодоверба за следните обиди" , изјави за Асошиетед прес д-р Роберт Монтгомери, хирург за трансплантација кој го водел експериментот.
Детали на Фактор овде.