Бујна, раскошна коса полна со волумен е можна, тајната е во шишањето: Прост метод дава топ резултати

Добивај вести на Viber

Раскошната коса, полна со волумен, понекогаш е се освен лесно остварлива цел. Дури и ако одредени производи и серуми навистина помагаат да ја направиме нашата коса погуста и посилна, треба да почекаме да порасне, што значи дека треба да почекаме барем малку за резултатите, доколку некогаш се случат.

Сепак, за сите нетрпеливи и желни за бујна коса, постои решение, а се работи за начинот на потстрижување.

Имено, фризурата во форма на буквата „У“ е брз и лесен начин на вашата коса да и дадете поголем волумен, форма и бујност.

Нејзината главна карактеристика е тоа што задниот и средниот дел од косата се оставаат најдолго, додека прамените близу лицето постепено се скратуваат, давајќи и на косата заоблен изглед. Со него лицето е прекрасно врамено, со најкратки прамени кои завршуваат околу брадата, а причината зошто оваа фризура ефективно и дава волумен на косата е тоа

 што ја отстранува тежината, па косата кон лицето е буквално полесна и помека.

@nothangtw Documenting this just in case I need reference in the future  cut + color by @Lana Kurayeva #360haircut #curtainbangs #hair #hairstyles #hairtips #mediumhaircut 1sis x rowdy rebel sped up - 1sis

Со самото тоа, фризурата е помалку вкалапена кога станува збор за густа коса, а со оваа фризура одлично ќе изгледа и тенката коса, бидејќи пократките прамени успешно ќе си поиграат со неа и ќе ѝ дадат форма.

Оваа фризура е лесна за одржување.

А бидејќи бујните и лелеави фризури го зазедоа TikTok, не сме изненадени што фризурата во форма на буквата У секој ден станува се попопуларна, а видеото кое сподели поглед на оваа фризура од секој агол се покажа како желба на речиси секој корисник на оваа социјална мрежа, има собрано повеќе од милион прегледи и многу ентузијастички коментари.


oto: cobellasalon / screenshot