Букет на неделата: Погледнете преку бојата на розата

Сакате да раскажете весела и разиграна љубовна приказна, а не знаете како!? Само дозволете му на цвеќето да го направи тоа за вас. 

Веселите пинк тонови на оваа корпа полна со цвеќе, во која ружата беспоговорно и маестрално раскоши низ овој цветен колорит, ќе ги раскаже сите љубовни зборови одеднаш. Таа ќе затрепери заедно со неа. Ќе се препознае љубовта со љубов. 

Сè што сте сакале да изговорите ќе биде речено. Во порака, може да додадете „ме потсетува на твојот мирис, ова си ти за мене“. Те љубам.

Појдете во Цветна галерија Сончевина, или порачајте он-лине на нивната фб страница.