Бурек и јогурт за 42-от роденден: Сопругот на Сузана Гавазова со урнебесно изненадување (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Позната пејачка Сузана Гавазова го прослави 42-от роденден.

За овој посебен ден Сузана си доби супер интересно изненадување од сопругот Јасмин кој се пошегува со неа.

Најпрво ѝ донесе завиткана украсна кутија во која имаше бурек и јогурт, а откако слатко се нaсмеаја и двајцата, следуваше вистинското изненадување - огромен букет во кој се криеше мала, но вредна кутија, а кога ја отвори, Сузана буквално припадна. Во кутијата имаше златна нараквица, веројатно станува збор за некој луксузен бренд.

ВИДЕО:


Покрај изненадувањето од сопругот, си доби и изненадување од мајка ѝ, нејзините две ќерки и други нејзини блиски луѓе, а на тортата имаше свеќички со број 24 - буквално како што и изгледа Сузана.


 

Супер расположена, во друштво на ќерките, пејчката им се заблагодари на сите кои ѝ го честитаа роденденот.

 

Прочитајте го и нашето вчерашно интервју со Сузана:

Да не бев пејачка, немаше да трошам толку пари на облека: Предновогодишно со Сузана Гавазова