Цеца ги засени и ќерката и снаата на свадбата на Анастасија: Облече фустан кој открива сѐ

Добивај вести на Viber

Стајлингот на Цеца Ражнатовиќ на свадбата на нејзината ќерка ги изненади сите...

Фолк дивата Цеца Ражнатовиќ неодамна има многу причини за радост и среќа, а сите овие причини ги прослави како што доликува. Прво го прославила првиот роденден на внукот Крстан, а потоа доаѓањето на неговиот брат Исаија. А, овие денови беше особено среќна бидејќи нејзината ќерка Анастасија се омажи во нивниот семеен дом и пред матичар со фудбалерот Немања Гудељ.

Стајлингот на Цеца Ражнатовиќ за оваа пригода очекувано беше посебен.

Стајлингот на Цеца Ражнатовиќ ги воодушеви сите

Анастасија како и секогаш беше згодна и се издвојуваше од сите дами присутни на свадбата, сепак сите присутни се согласни дека Цеца ги засени сите, па дури и сопствената ќерка.

Фолк дивата на свадбата на својата ќерка се појави во краток цветен фустан кој ги открил сите несовршености кои Цеца ги нема, бидејќи никогаш не изгледала подобро.

Пред две години таа беше во Турција, каде направи „ремонт“ на своето тело во една клиника и оттогаш внимава и на исхраната и на физичката активност, па како одминува времето изгледа се подобро и подобро.

Цеца иако не објави фотографии и видеа од свадбата на ќерка си, тоа го направи Анастасија која објави видео на кое се гледа како го фрла бидермаерот.

View this post on Instagram

A post shared by ALO! DNEVNE NOVINE (@alo_novine)


Цеца беше еден од кандидатите да го фати, но сепак заврши во рацете на бабата на Богдана, што ги насмеа сите.

На свадбата на Анастасија и Немања присуствуваше и нејзината снаа Богдана, која неодамна се породи, а нејзиниот изглед исто така ги изненади сите. Сопругата на Вељко дојде на венчавката во тесен зелен фустан со прерамки, а сите се согласија дека е речиси невозможно жената да изгледа толку совршено по три породувања.

Фото: Инстаграм
Извор: Svet-scandal.rs