Цеца ќе стане баба по вторпат: Вељко и Богдана го очекуваат второто дете - го открија и полот (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Семејството Ражнатовиќ повторно има голема причина за прослава! Наследникот на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, Вељко и неговата сопруга Богдана ќе станат родители по вторпат.

За тоа боксерот ја извести јавноста на Инстаграм и тоа од моментот кога го откриваа полот на бебето.

На видеото Вељко со лак и стрела го погодува балот кој бил закачен на дрво, а кога од него се распрска сината бојата - што значи дека очекува уште еден син, почна да се радува.

„Дали ви кажав? Дали ви кажав? Така е“ - се слуша во позадина.

Вељко кога дозна дека очекува уште еден син почна да скока од среќа, а Богдана, која е во третиот месец од бременоста, му притрча во прегратки.

„Со Божја помош за шест месеци доаѓа Крстан Ражнатовиќ! Им благодарам на Господ и на мојата најдобра жена“ - напиша Вељко под видеото.

View this post on Instagram

A post shared by Veljko Ražnatović (@veljkoraznatovic)


фото: Принтскрин / Инстаграм