Цеца под нож: Била оперирана 8 часа, се појавиле компликации, а сè беше во строга тајност до последен момент

Добивај вести на Viber

Цеца Ражнатовиќ неодамна била оперирана во Турција откако две години имала кила на стомакот.

Ражнатовиќ во една прилика откри дека имала проблеми со 'рбетот поради силиконските импланти во градите, а единственото решение била операција.

Тогаш за планираната процедура знаеле само најблиските, а во емисијата „Цеца шоу“ гледачите низ Србија и регионот беа сведоци на операцијата на пејачката која на крајот траеше осум часа.

По операцијата Ражнатовиќ објави дека се чувствува добро, но не откри за што се работи.

Сестрата не се одвојувала од неа

Со оглед на тоа што пејачката лежеше со корсет над градите, што обично се прави по ставање импланти, се верува дека втората операција на Цеца Ражнатовиќ била за намалување на градите.

Секогаш ја поддржувала нејзината сестра Лидија Оцокољиќ, која со неа отпатувала во Истанбул.

Фото: Инстаграм
Извор: Еspreso.co.rs