Цеца се сети на „бламот“ кој го доживеала: Му влетала на непознат човек во кола
Ражнатовиќ уште еднаш покажа дека нема проблем да се шегува на сопствена сметка
Сестричницата на музичката ѕвезда Цеца Ражнатовиќ, Хелена Оцокољиќ, на 9 април го слави своето полнолетство во престижен белградски ресторан.
По тој повод Цеца и нејзината сестра Лидија се трудат се да биде повеќе од подготвено за тој ден, а пејачката со својата братучетка отишла во салонот да ѝ помогне во изборот на фустан.
Цеца цело време била опуштена, а во еден момент раскажала анегдота која ги насмеала сите. Имено, Цеца не можела да го препознае сопствениот автомобил, па завршила во туѓ.
- Дали е ова наш автомобил?! Да не влегов во туѓ. И јас ги имав тие моменти кога седнав до маж, а не видов дека тоа воопшто не е мојата кола - рекла Цеца и ги насмеа сите.
Најголемата балканска ѕвезда не ја криеше љубовта и посветеноста кон својата братучетка, па уште порано се договори со неа каков ќе биде фустанот.
- Двете се договоривме тоа да биде краток фустан, отворен и без ракави - изјавила Хелена во емисијата на Цеца.