Цеца, Вељко и уште две многу важни жени стигнаа во болница: Семејството Ражнатовиќ брои ситно до породувањето на Богдана
Овој ден секако е веќе посебен за семејството Ражнатовиќ...
Сопругата на Вељко Ражнатовиќ, Богдана денес ќе се породи во приватна болница, каде на свет ќе го донесе синот Крстан.
Семејството Ражнатовиќ со нетрпение го исчекува моментот кога на свет ќе дојде малиот Крстан, а Светлана Цеца Ражнатовиќ, нејзината сестра Лидија Оцокољиќ и мајката на Богдана, Даниела Родиќ насмеани стигнаа на клиниката каде ќе чекаат да се породи Богдана.
Веднаш по нив пристигна и идниот татко - Вељко Ражнатовиќ.
Овој ден секако ќе биде посебен за семејството Ражнатовиќ, со оглед на тоа што на денешен ден е роден Жељко Ражнатовиќ Аркан.
Вељко неодамна за српските медиуми откри и дека веднаш знаел дека вториот син ќе му се вика Крстан.
„Јас така и испланирав. Пред да се роди Жељко, зборував дека вториот син ќе ми се вика Крстан и ете, се случи“.
фото: Принтскрин / Инстаграм