Цеца во јавноста се претставува како прекрасна и фина, но поранешната куќна помошничка откри каква е навистина
Куќната помошничка на Цеца Ражнатовиќ откри тајни од својата вила
Цеца Ражнатовиќ има неколку имоти, некои во Белград, некои во други земји, но најголемиот дел од времето го поминува во познатата вила која често ја гледаме во медиумите и на социјалните мрежи. Со оглед на тоа што куќата на фолк дивата е огромна, во неа се вработени неколку луѓе кои работат на нејзиното одржување. Една од вработените е млада Азијка, која работела како куќна помошничка на Цеца Ражнатовиќ.
Оваа жена била снимена од тимот на папарацо пред куќата на Цеца кон крајот на минатата година за време на подготовките за славата на пејачката. Но, пред неа Цеца вработила уште некои работници, а еден од нив открил некои тајни од палатата на пејачката.
Како што е многу љубезна кон колегите, новинарите и обожавателите, така и фолк дивата е симпатична кон своите вработени, како што еднаш кажа нејзината поранешна куќна помошничка.
-Никогаш не се однесувала како ѕвезда, сака да зборува, да подарува работи, да помага ако е потребно... Во нејзината куќа пред сѐ се знае редот - открила поранешната вработена, и додала:
- Секогаш инсистираше на воспитување на децата, но и на образование. Ништо не препушта на случајноста, а што се однесува до самата куќа таа се грижи за се, без разлика на многубројните членови на семејството. Имено, нејзината сестра Лидија живее во вилата со сопругот и децата.
Секогаш кога има некоја добра прилика, Цеца приредува прослава во својот дом. Атмосферата е секогаш добра, со квалитетна храна и пијалоци. Пејачката е и голем гурман, иако последниве години се труди повеќе да внимава на исхраната. Најмногу сака локални специјалитети, а познато е дека го почитува секој пост - откри поранешната вработена во фолк дивата.