Цеца замина во нејзиното царство далеку од дома, еве кој ѝ прави друштво: Пејачката таму никој не ја знае, а милионскиот имот е за воодушевување

Добивај вести на Viber

Најголемата балканска ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ заминала на Кипар каде има луксузна вила за да ги наполни батериите.

Таа на својот Инстаграм објави фотографии од одморот и покажа како ужива во женското друштво на море. Друштво на Цеца на патувањето е сестрата Лидија Оцокољиќ, а на медитеранскиот остров се најдоа со кумите и пријателите на пејачката.

Инаку, познато е дека Ражнатовиќ од 2006 година има луксузна вила покрај море во Аја Напа, која се простира на 600 метри квадратни и е вистински рај на земјата.

Луксузната вила на Цеца има огромен двор како и базен, а нејзиното соседство е преполно со богати луѓе.

- Имам иранци, кипарци и руски соседи со кои имам одлични односи. Тоа се остварени луѓе на кои мојата слава во Србија не им значи ништо. Прекрасно лето е во Аја Напа и сакам да одам таму кога ќе залади во Србија. Мирот што го имам во втората куќа ми е драгоцен – изјавила претходно Цеца.

Таа ја купила вилата на кредит

Инаку, таа не крие дека овој имот го купила на кредит.

- Сакав нешто егзотично, убаво и да бидам токму на брегот. Мојот пријател Фотос ми донесе фотографии од оваа вила и знаев дека тоа е тоа. Веднаш подигнав кредит. Да, куќата ја купив на позајмица, која вообичаено месечно ја враќам - изјавила Цеца во една прилика во „Амиџи шоу“.

Фото: Инстаграм
Извор: Blic.rs