Цел град во шок: Мајка на три деца е убиена среде улица, потоа убиецот го запалил и нејзиниот дом

Луѓето се згрозени од злосторството ...

Ужасен напад се случил во вторникот на улицата Карно, во близина на аеродромот Бордо во јужна Франција.

Несреќната жена (31) била нападната од нејзиниот поранешен сопруг на улица. Таа се обидела да избега, но тој ја застрелал во нозете а,  потоа истурил врз неа запалива течност. Потоа ја запалил и нејзината куќа.

Жената и нејзиниот убиец биле разведени, а нивните деца на возраст од 3, 7 и 11 години живееле со нивната мајка.

Полицијата соопшти дека напаѓачот и бил познат на полицијата. Полицијата го уапсила половина час подоцна во блиското соседство. За време на апсењето, тој би наоружен, објави обвинителството од Бордо.

Тој е обвинет за убиство и подметнување пожар.

За среќа, децата во тоа време не биле во куќата. Сите три деца се згрижени и поради траумата морале да добијат психолошка помош. Бројни сведоци на ова злосторство, исто така, морале да побараат психолошка помош, згрозени од бруталноста на она што го виделе.

Осомничениот за ова дело минатата година бил осуден на 18 месеци затвор за напад врз неговата сопруга.


- Осомничениот и бил познат на полицијата и на обвинителството. Тој беше осуден од Кривичниот суд во Бордо на 18 месеци затвор, вклучително и суспензија од две години - потврди обвинителот Фредерик Портери.

Алан Анзиани, градоначалникот на Марињак, рече дека ова злосторство го згрозило целиот град.


Фото и Видео: Твитер