Цел Интернет полуде по светкавите Велигденски јајца: Се подготвуваат во омилениот пијалак на повеќето Балканци (ВИДЕО)
Еве како лесно да добиете светкави јајца со помош на вино и
шеќер.
Од година во година се појавуваат нови популарни техники за бојадисување велигденски јајца, а овој пат на интернет корисниците ги воодушевија светкавите јајца. Овие „гламурозни“ јајца се многу лесни за подготовка, а сепак толку различни од класично бојадисување.
Потребни состојки:
-500 мл бело вино
-100 гр шеќер
-1 кесичка боја за колачи по желба
-јајца
Начин на подготовка:
Истурете го виното во тенџерето, додадете го шеќерот, па додадете ги јајцата. Вклучете го шпоретот и посипете ги јајцата со боја за колачи. Нежно измешајте сè, па гответе на умерен оган околу половина час без капак. После тоа време покријте го тенџерето со капак, тргнете го од шпоретот и оставете го да отстои преку ноќ. Наутро, внимателно извадете ги јајцата на крпа за добро да се исушат. Додека се сушат ќе добијат благ сјај и ќе блескаат од шеќерот што се залепил на лушпата.
Фото и Видео: Youtube