Цел свет зборува за тајната свадба на Џеј Ло и Бен Афлек: Гостите морале да потпишат договор за доверливост, но овие детали излегоа во јавноста

Познатата пејачка Џенифер Лопез и не помалку познатиот актер Бен Афлек наводно ја крунисале својата врска со тајна венчавка во Џорџија.

Според овие тврдења, славниот пар неодамна се венчал на тајна церемонија во хотелот Риц-Рејнолдс на езерото Окони, Џорџија, пишува „Марка“, каде се наведува дека Џенифер Лопез и Бен Афлек побарале од сите гости и другите учесници во свадбата да потпишат. договор за доверливост.

Но, не можеа да ја спречат јавноста да дознае одредени детали, па луѓето кои живеат во близина на споменатиот хотел го пријавија настанот на медиумите, а бидејќи се уште нема фотографии, се претпоставува дека младенците ги продале фотографиите исклучиво на одредено списание.

Списокот на гости се уште не е познат, но се споменува името на Марк Ентони, поранешниот сопруг на Џеј Ло, со кој пејачката ги има близнаците Ема и Макс.

Бројните објави на Инстаграм сугерираат дека венчавката навистина се случила.

Така, ако Џеј Ло и Бен навистина се венчале, тогаш несомнено ја одбрале вистинската локација за да ја официјализираат љубовта. Риц-Рејнолдс има пет ѕвезди, спектакуларен поглед на езерото, опкружен со прекрасни дрвја и изгледа како вистинско бајковито место за тајна свадба.

Џенифер Лопез и познатиот актер и режисер се забавуваа во 2003 година.Својата љубов тогаш ја крунисаа со веридба, но потоа се откажаа од венчавката. Џеј Ло зад себе има три брака, додека Афлек беше во брак со актерката Џенифер Гарнер со која има три деца.

Инаку Џенифер моментално го промовира нејзиниот документарец на Нетфликс, „Halftime“, па се верува дека и ова е една од причините зошто не сакаат со свадбата да фрлат сенка врз оваа актуелност.

Не можев да верувам дека ова се повторува по 20 години: Џеј Ло откри како Бен Афлек ја побарал за сопруга

извор:zenablic

Сите шест веренички прстени на Џенифер Лопез: Најскапиот е 5 милиони долари, „најевтиниот“ 100.000 долари (ФОТО)