Целосна промена: Душко Тошиќ поубав од било кога, на Карлеуша нема да ѝ биде сеедно кога ќе го види (ФОТО)

Објавата на Душко Тошиќ ги изненади сите...

Душко Тошиќ во последно време не се појавува често во јавноста, а за разлика од сопругата Јелена Карлеуша, ниту на социјалните мрежи не е баш активен. Дури и во оние ретки ситуации кога ќе објави фотографија, не открива каде е, освен ако не се наоѓа на некое специфично место.

Како што дознаваат српските медиуми, некогашниот фудбалер моментално е на домашен терен, во Белград. Посетил фризерски салон за малку да се среди. Редовна процедура или можеби решил да го промени имиџот? Тоа ќе го дознаеме во следна прилика кога ќе сподели нешто на својот Инстаграм профил.

Инаку, последната објава на Душко на Инстаграм е поврзана за Турција, која ја погодија серија силни земјотреси.

фото: Принтскрин / Инстаграм