Чај кој лечи миоми: Дар од природата за матката и здравјето на жените!

Добивај вести на Viber

Чај од вирак или варкута (Алхемила вулгарис)или кај нас познат и под името Бисероке еден од најдобрите чаеви за здравјето на жените. Тоа е чувар на репродуктивното здравје кај дамите. Вирак содржи танини, флавоноиди, есенцијално масло, органски киселини и многу витамин Ц. Вкусот на овој чај е горчлив и нема некој посебен мирис.

Чај од вирак се препорачува за неможност за зачнување или неплодност, го регулира лачењето на женските хормони и ги нормализира менструалните циклуси. Помага и при полицистични јајници, воспаление на јајниците, бактериски и вирусни вагинални инфекции, хормонални нарушувања, миоми и слично. Овој чај може да поттикне и слабеење.


Вирак се пие во зависност од болеста, се препорачуваат 2 до 3 шолји чај на ден. Може да го подготвите така што ќе ставите 1 лажичка над 250 мл врела вода и ќе ја оставите да стои неколку минути. Потоа процедете и испијте.

Во случај на вагинални инфекции, овој чај можете да го користите за надворешна употреба. Во тој случај, 3 до 4 лажички чај треба да се натопат во ½ литар вода и да се остави да отстои додека не се олади доволно до температура погодна за плакнење. Потоа процедете и користете за плакнење. Она што е исто така добро кога станува збор за инфекции е тоа што можете да додавате чај во бањата кога се бањате. Додадете 1 чаша концентриран чај.

Бремените жени можат да го пијат овој чај за време на бременоста, па затоа се препорачува, но само во последниот триместар, како и за време на доењето. Причината зошто пиењето само во последниот триместар е тоа што чајот има ефект на зајакнување на ѕидовите на матката, а со тоа и ризикот од абортус и губење на бременоста се сведува на минимум. За време на доењето, чајот придонесува за побрзо закрепнување на мајката и побрзо враќање на обликот на нејзиното тело. Сепак, иако часот од вирак има многу корисни својства, треба да се пие внимателно за време на бременоста и да не се претерува, но секако по консултација со гинеколог.


Извор: Srbijadanas

Можеби ќе ве интересира:

Интимно здравје: 7 работи што вашиот гинеколог сака да ги знаете