Чанта на Диор вредна 2.200 долари може да урне влада: Скандал ја тресе една од најголемите економии во светот
Патријархалната Јужна Кореја не навикна на првата сопруга како Ким Кеон Хи, 51-годишната девојка која има свој фан клуб и ужива во вниманието. Ким е голем промотор на корејската култура, гласно и често ја критикуваше консумацијата на кучешко месо и сака да носи облека од корејски дизајнери. Претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-Јеол и таа немаат деца, но имаат неколку кучиња и мачки.
Ким наиде на проблеми кога наводно добила скап подарок - чанта Диор од 2.200 долари. И покрај повиците да се објасни ситуацијата и да се истражи, Корејката се уште не објавила ништо за чантата. Нејзиниот сопруг рече дека тоа е „политичко заплеткување“.
Си-Ен-Ен јавува дека ова не е првпат првата дама на Јужна Кореја да се најде на удар на критики. Во последните неколку години таа се извини за „подобрување“ на нејзината биографија, а беше обвинета и за плагијат на научни трудови и манипулација со акции. Ким не одговори на обвинувањата за плагијат и манипулација со акциите, а Кабинетот на претседателот на Јужна Кореја тврди дека таа не учествувала во тие акции.
Скандалот што избувна поради споменатата чанта на Диор, на ниту еден начин не ги фаворизираше Јун и неговата партија PPP (People Power Party) пред парламентарните избори кои ќе се одржат во април годинава и кои, судејќи според предизборните анкети и расположението во Јужна Кореја, може да биде многу напнато. „Диор чантата е последната капка“, рекол Чо Хи-кјунг, професор по право на Универзитетот Хонгик во Сеул. Тој додал дека првата сопруга Ким е вистински магнет за скандали, а дека оваа е одлично прифатена бидејќи има моќни визуелни докази.
Ким и Јун не можат да ги решат проблемите со чантата од крајот на 2023 година, кога беше објавено видео на кое се гледа како корејската прва дама добива небесно сина чанта од телешка кожа „Lady Dior Pouch“ од корејско-американски свештеник.
„Зошто ѝ носите? Ве молам, не мора ова да го правите“, рече Ким кога ѝ ја предадоа чантата. На видеото не се гледа дека ја зела чантата.
Јун рече дека контроверзното видео е објавено за да влијае на изборите во април.
„Во иднина, мојата сопруга и јас мора да бидеме построги во односите со луѓето за јавноста да не се грижи“, рекол Јун.
Јужнокорејскиот претседател не кажа дека неговата сопруга не ја добила чантата, но рече дека му е жал што таа не била поодлучна за време на средбата со свештеникот.
„Мојата сопруга го загуби својот татко како средношколец. Кога ѝ приоѓаат луѓе од нејзиниот роден град, тешко ѝ е да остане кул. Таа не можеше да му каже не на свештеникот кога тој постојано и велеше да дојде во градот. Ако има проблем таму, тогаш проблемот е што таа не можела поладно да го одбие и тоа е жално“, рекол Јун.
Јутјубот каналот „Voice of Seoul“ и Чои се обвинети дека и поставиле стапица на Ким и се обиделе да влијаат на изборите. Имено, Чои се залага за обединување на Јужна и Северна Кореја, додека Јун го гледа Пјонгјанг како непријател.
Има и такви кои тврдат дека Ким е напаѓана затоа што Јужна Кореја е конзервативна и мизогинска земја, но има и такви кои тврдат дека корејската прва дама е нарцис.
Фото: Инстаграм/Принтскрин Јутјуб
Извор: Nova.rs