Часовник на неделата: Tissot PR 100 за жени со изострен вкус

Добивај вести на Viber

Изборот за часовник на неделата за оваа недела е моделот Tissot PR 100. Станува збор за часовник изработен од челинк со зелена основа на куќиштето.

Дијаметарот на часовникот е 34 mm, ремчето и куќиштето се изработени од челик (316L), часовникот има сафирно антирефлексно стакло, механизмот е кварцен и водоотпорен со 10 bar.

Tissot PR 100 е наменет за сите жени кои негиваат елегантен и софистициран изглед, а часовникот нивен дополнителен аксесоар.

Од појавувањето во раните 1980-ти, најпродаваниот Tissot PR 100 остана верен на своето име: прецизен, робустен и водоотпорен на притисок од 10 бари (100 m).

Изработен од висококвалитетен нерѓосувачки челик 316L, со одлична отпорност на корозија и издржливост, естетиката на колекцијата е зачувана со текот на годините. Заостреното куќиште додава допир на луксуз на овој часовник. 

*кликнете на фотографијата за повеќе информации

Часовникот може да го најдете во продавниците на Божиновски или онлајн на нивната веб - страница.

*ПР објава