Чек да брцнам во ташнава: Пред Благица Павловска имавте и некои други, исто така ликови кои масовно ги ставивте „на тапет“
Никогаш, ама никогаш не ми стана јасно како луѓето си земаат за право, како се усудуваат, како имаат три чисти и како, како, како!?… не им е срам на јавна сцена да фатат и да озборуваат некого.
Ај на сите ќе ни се случи понекогаш во затворен круг да фатиме некого да го вртиме наопаку, ваков бил, таков бил… И тоа е за никаде, ама ова…!?
Директно, без да го заобиколувам таргетот, муабетот ми е Благица Павловска.
Кој ви е к**ац бе? Имате ли воспитување, имате ли култура на мисла, на збор, имате ли едно-ипол искуство во животот!? Сте мрднале ли од опсегот на личниот имунитет подалеку. Под личен имунитет подразбирам круг околу вас, кој сами себе си со шестар можете да си го нацртате. Е дотаму ви е имунитетот.
Пред Благица имавте и некои други, исто така ликови кои масовно ги ставивте “на тапет“. Марија, Константин, па оние другине двајца мажот и жената што се разведуваа и мечуваа на јавна, отворена сцена.
Овде не држи прашањето, имате ли попаметна работа!? Не е тоа толку клучно прашање овде. Иако и ѓаволот кога немал работа си ги е*ел децата. Знаете нели!?, Или не знаете!?
Овде посуштинско е прашањето дали вие воопшто го сакате животот. Дали воопшто се сакате себе си!? А!?
Колку пати ви се случило да ви се разниша целото тло под нозете!? Умот да ви застане. Да си мислите дека полудувате! Дека ништо не знаете! Да лупате такви “неопевани“ глупости, кој ни Вардар, ни Дунав не ги пере. А!? Колку пати!? Да не знаете каде сте!? Да цмиздрите со саати на мајка ви на телефон, или на едната другар-ка, па на другата другар-ка, па на петата другар-ка. Цел ден и со денови да не ви е добро. Да немате сила до продавница да отидете, да седите мусави и со мрсна коса со денови, по пижами или во некои развлечени тренерки. Троседот да го вдлабите од што ни до кујна не ви се станува.
Да трчате по лекари да проверите срце, ЕКГ, крвна слика, магнетна…, или да трчате по некои техники на дишење, или медитации, по некои квази Гуруа, или по хороскопи, бајачи…, се по ред, само затоа што ви се случило нешто што вашите плеќи, душа, ум, не може да го издржи… За некого друг, тоа е можеби најбаналното нешто да не речам пи*кин дим, ама за вас е снежна лавина. Колку пати ви се случило ова, а!? Мене ДА!? Два три пати во животот, како во бунар сум била падната. Како во бунар во кој нема ни јаже, ни скала. И знам како е! Знаете и вие сигурно.
Па мајку ви вашу, како ви било кога некој ќе ви се потсмее во таква ситуација. Или ќе направи од вас светска будала. Како би ви било а!?
Ќе речете, па што мајка бара да се појавува на телевизија во такви моменти и да дава изјави. Па еве бе и ништо да не ѝ се случуло, а не е така. Еве нека е “дотука“, што викаат и што!? До неа ли ви дојде!? А!?
Па и Бранко и Љубчо и Зоран и Никола и Курто и Мурто, сите лупале и лупаат глупости, па ко попчиња трчате и гласате за нив и дремете таму по штабови и правите од себе и мајмуни и глупи -августи и изгледате ко три грама мозок во глава да немате. Па што!? Си имате сигурно нешто поради кое морате тоа да го правите. Или сте дошле од Пуста Брезница, па се борите за место под Сонцето во ѓомити големиот град. Паланка најобична. Па познавам бре ликови- уметници, кои кога стапнале на 5та Авенија во Њујорк, не знаеле до хотел да се вратат и три дена од соба не излегле. Познавам и интелектуалци, кои кога ќе ми дошле на интервју две унакрст не знаеле да кажат. Се познавам и себе си во таква ситуација.
Сум читала во еден период во животот некои такви “духовни прирачници“, па ќе фатам да им мрсам м*да на овие другиве, како во животот треба вака, или онака…. Глупост “неопевани“.
Или ќе ви умре некој близок, мајка, татко, сопруга, сопруг, па морате фамилија да раните, па ќе отидете таму и ќе климате со глава.
Или сте окорели идеолог, па верувате во каузата на левите, или десните и слеп сте да ја видите вистината. Па што!? Треба ли да ви суди некој за тоа!? А!?
Или сте така скроен, како гмизавец да не рабоитте ништо, а да земате плата, да лажете, да крадете. Па што!? Таква ви е кармата во овој живот, што би рекла Благица Павловска! Нели!?
И се смеете цела недела. По 300-400 лајкови и коментари на објава “Благче, ај боље пеј си, не отварај за друго уста! Ма немој. Вас ќе ве праша.
Па гледам и некои мои пријатели, лично што ги познавам објавуваат такво нешто. Си велам, што ли им сѐ случило за овие 3-4 години откако не сме се виделе. Не беа вакви! Не ги блокирам, чекам да им пројде. Можеби се во бунар, па лупаат глупости.
Колку само дупе треба да го видиш кај човека убавото, колку само ширина треба да претпоставиш што сакал да каже, колку само човечност треба да си речеш можеби поминува низ некоја криза, па не му е лесно.
Да ве стават само да поминете на сцена додека има концерт, или театарска претстава пред полна сала…, само да поминете, ништо да не треба да кажете, ништо да не треба да направите, па ќе се сопнете, или ќе се скамените…
Ама не!, вие сте се сокриле зад вашите фејсбук профили, ставајки ја најубавта слика која ја имате. Ставате објава и броите лајкови и коментари…Цела недела.
Ете тоа!!…, ѓаволот кога немал работа си ги е*ел децата.
Срам да ви е!
Колумната може да ја слушате во аудио-верзија во продолжение:
За Женски Магазин, Тања Трајковска
Прочитајте ги и другите колумни од Тања Трајковска:
Чек да брцнам во ташнава: Не престанав да си терам по своеЧек да брцнам во ташнава: Ако образот ти е бел, животот ќе ти биде како пеперутка, ако ти е црн, ќе се сопнуваш на секое камче