Ја тебе патлиџан ти мене маслинов зејтин

Добивај вести на Viber

Распадот на Југославија е тема која бескрајно многупати била „секцирана“ и уздуш и попреку. Далитребаше, дали не требаше, мораше, не мораше, кој е крив!?

Ние самите, Америка, сојузниците… можебиисториска нужност… Се ова заедно, или од сѐ помалку..

Што ќе се случеше ако не се распеднеше!?

Дали ќе беше, како што беше, и до ден денеска „најмоќната и најубавата држава на светот“, или како ида е, ќе пропаднеше како што некои фудбалскиклубови, или музички групи во кои членувааневеројатно добри музичаи, музичари од светскикалибар, не можејки да ја издржат таа „сила“ нагенијалност, се распаднаа исто така како една „нужнанеминовност“. Леб и сол, Азра, Екв, Идоли…

Ваквов тип парадокси имало безброј низ историјата.Ние исто така сме сведоци на многу такви рушења набендови, фудбалски клубови, индивидуални спортисти,уметници, институции, фирми-моќни гиганти, чии штопроизводи се пласираа по цел свет, добар дел одземјоделски култури, памукот, афионот, крушката…Нема крај оваа листа.

Сигурно сте ја виделе онаа листа на Југословенскибрендови, фирми, фабрики кои имаа производи соултра светски квалитет и чии производи ги сакаше ибараше цел свет.

Нашата генерација сигурно сѐ уште по плакарите имаРашица џемпер, или Свиланит бањарка, илитенџериња и тави од Братство, или дури и Унитасчешми, кои сѐ уште ги користиме некои од нас…

„Одвратно“ долг е овој список на нешта кои беаспецијален заштитен знак на успешност.На ова мислам кога велам, дека Југославија бешеедна од најмоќните и најубавите држави во светот.

Приказната за „колариќу паниќу плетемо се самиќу,сами себе заплиќемо, сами себе расплиќемо“, завршисо заплеткани чворови кои само нож можеше да гирасплетка. Така и бидна. Се парам-парчоса тааприказна на парчиња, за кои голем дел од “обичнителуѓе“ сѐ уште жали. Се разбира дека исто така и големдел смета дека е тоа најдоброто нешто што можело дасе случи.

Кога би застанале сите тие 21-22 милиони, ако сесѐ уште толку, колку што на времето бевме Југословени(мислам на она шест републики и две автономнипокраини-колку што пред распадот броеше жителиоваа велелепна земја) на парови разбројс, не знамколку од нив би биле „ЗА“, а колку „ПРОТИВ“.

Не се ова патетични приказни, од типот на жал замладост, или неоснована „Југоносталгија“.

Пробувам да бидам разумно-рационална дека заобичниот и нормален човек, таа држава беше редокдијамант, на кој сите со восхит гледаа.Јасно ми е дека бил тоа по малку и вештачки и тешкоодржлив концепт, исто како што ми е јасно дека иконцептот на братство-единство бил исто така тешкоодржлив концепт… Прво, поинакви културолошкиконцепти, па поинакви верски концепти, секако ипоинакви географски концепти…

Едни имаа море, други немаа море (затоа и тоа моресе викаше „Наше море“), бидејки идејата бешевеличенствено грандиозна, сѐ да е наше. Одоснотвоето да биде и мое, моето да биде и твое. Јас тебети давав најубав патлиџан на свет, ти мене најубавапршута на свет, или најубаво маслиново масло.

А сега!? Сега ти имаш најубаво маслиново масло, аманемаш таков патлиџан, ко што имам јас. И обратно. Јаимам сѐ уште таков најубав патлиџан, ама немам таквомаслиново масло ко што имаш ти. Морам да поминам ентон“ граници за да дојдам до тебе и да потрошамеден куп пари за да соедниам, исто така еден купнешта кои само заедно прават една величенственацелина. Јебеш му матер, или еби му мајката. Така е патака!

Него имам едно прашање, за кое што исто така мифали одговор. Исто како што ми фали одговор зошто икако се распадна Југославија.

До пред само два-триесет години, 90% од младинатаслушаше ЕКВ, АЗРА, ЛЕБ И СОЛ, ЛАЧНИ ФРАНЦ,ПАРНИ ВАЉАК…, а само мал дел слушаа ДИНОМЕРЛИН, ХАРИ-МАТАХАРИ, ПЛАВИ ОРКЕСТАР…

Културолошката разлика помеѓу ове два типа музикабеше огромна.Првите беа на ниво на светски рокен-рол, продукциикои и ден денес звучат маестрално и се албуми исинглови за сите времиња, а другите беа инстант,ефтина и шљам содржина со многу мала, да не речамникаква вредност. „Отишо си сарму ниси пробао“.

Е сега!? Сега е обратно.

Зошто и како се случи ова ја немам одговор. Како тоаза само 2-30 години се случи ваков социолошкираспад. Всушност ваков социолошки феномен.

Зошто и како сега 90% од народните маси го слушаатДино Мерлин, или Сораја, или Дара Буба Мара, иликако и да се викаат сите тие нови „новокомпоновани“типки и типови.

Како можеше толку многу, толку драстично да се сменивкусот на народот. Ич, ама ич не ми е јасно.Затоа си мислам дека ова „дебело оплескување“ коесега ни се сучува, буквално по сите основи е причина ипоследица токму од промената на „мозочнатаматрица“.

Ама уште повеќе не ми е јасно бидејки родители наовие деца кои сега го слушаат и емитираат тоа, сметокму ние.

Баш би сакал да знам како размислувате!?

Мене ова пашање многу ме мачи.

За Женски Магазин, Тања Трајковска

*Ставовите изразени во колумната се лични ставови на авторот и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Женски магазин

Колумната можете да ја слушнете во аудио верзијата подолу