Позлатена од сонцето - шести дел

Добивај вести на Viber

Еве сме патнику намернику, еве сме во приказната за Бигорскиот манастир. Пред да почнам да ти раскажувам, сакам да знаеш неколку работи. Прво, ова е едно од најсветите места во Македонија. Се верува дека овде, иконата на Св Јован има исцелителна моќ. Ти кажав дека многу преданија и легенди ќе чуеш во мојата земја. Тоа е така бидејки многу од градбите се векови и векови страи, па за некои од нив речиси и било невозможно да се имаат сочувани документи. Така и за овој манастир.

Легендта вели дека го изградил извесен монах Јован, кој живеел тука некаде, во близина. Внимавај, ова се случува во времето на Цар Самоил, значи некаде кон крајот на 900тата година. Е тој монах Јован, добил божествено привидение. Тука во некоја од овие прекрасни шуми овде, тој видел светлина. Му се прикажала икона сета опкружена со светлина. Тоа била иконата на Св Јован. Се верува дека светлината на оваа икона и самата икона дошла дотука од Исток. Тој веднаш сетил потреба и силно чувство да и изгради дом на таа икона. Мало црквиче, во кое ја сместил иконата и пред која секојдневно се молел. Ова се случува во 11тиот век. 

Кога Василиј втори, кој тогаш на овие простори овде управувавл со ова Самоилово царство разбрал за овој подвиг на монахот Јован, дошол и го назначил Јована за архиепископ на Охридската Архиепископија.

Некоја година подоцна на ова исто место токму Василиј втори го подигнал овој духовен храм.

А втората и можеби најголема причина поради која ти ја раскажувам оваа приказна, е за да чуеш за длабоките дрвени резби кои ги има овде во Бигорскиот манастир. Кога ќе ги видиш, срцето ќе ти запра. Ќе се запрашаш…,

Кој го направил ова!? Нашите мијачки мајстори ете тие. Им нема рамни на светот до ден денеска. Нема човек кој влегол овде а не останал занемен. Сеедно дали бил верник, или атеист. Ова е нешто што е поголемо од човека. Чиниш синови божји се пратени од небота за да го исткаат во тантела сево ова. Овие  сцени од Страиот и Новиот завет, Во овие резби тие не само што ја проткале сета своја душа словенска, сиот свој жар и љубов кон бога, туку сами си ги издлабиле и сопствените ликови, за да останат овде вдлабени за навек. Андреј Дамјанов, Петар Гарката, заедно со уште некои помошници мајстори од родовите Фрчковски и Станишеви.

Не може да се најдат писмени документи за тоа како е создадена и како се развила оваа резбарска школа. Овие уметници, овие творци, кои како да душата си ја резбале овде не мислеле на тоа. Мислеле веројатно повеќе на тоа како во оваа резба ќе го вдахнат сиот чудотворен и необјаснив спој на единствното на човека со Бога. Знаеш, тоа се возвишени цели. И не барај зборој за да си го објасниш тоа. Оти ги нима. Барај ги во сопствените резби на срцето и душата. Оттаму треба да ти стаса некој одговор. Ете таму се скриени тие одговори и ете толку се длабоки.

Се што ќе видиш овде ете така, допира длабоко до утроба, се што ќе чуеш овде те вчудоневидува, се што ќе допреш трепет ти прави и се што ќе вкусиш спомен ти остава за навек. Ете таква е мојата земја. Мојата чудесна Македонија, мојата безвременска Македонија.

А, слушни сега и за Ријачкиот манастир. За уште една духовна чудесија, која е вистинско богатство на мојата замја. Овој манастир е женски манастир. Се смета дека е изграден во 14тиот век и тоа како метох на Бидорскиот манастир.

Низ годините на бурната македонска историја, овој манастир бил неколкупати рушен, но сепак грижата на игумените на Бигорската обител, постојано го обновувала и одржувала овој метох.

Велат Бог ги одбира најубавите дворови, токму за себе и за оние кои у служат и му се поклонуваат. Така е валат одбрана и Макадонија, за Божји двор на можеби најубаите и најстарите манастири во светот. Та затоа велат дека Бог се потпишал токму тука, во Македонија, откако го создал светот. А ти ја раскажувам оваа приказна за Ријачкиот манастир, бидејки ти мора да го знаеш и ова патнику. Сестринството во манастирот овде негува редок вид занает. Уште една божествена приказна ти е ова. Овие монахињи овде ги изработуваат речиси најубавите митри во православието. Имаат изработено повеќе од 700 митри. Божји чудесии прават овде, овие монахињи со златни раце и свилена душа. Ове митри кој што тие ги прават овде речиси сите владици во православието. И не само тие, туку Митри од Рајчица носи и вселенскиот патријарх Вартоломеј, поглаварот на руската православна црква Кирил, како и ерусалимскиот патријарх Теофил. Е мој патнику намернику, ти велам недоброени се богатствата, драгоценостите и чудата со кои ќе се сретнеш во оваа моја Македонија. 

А она што сега ќе ти го покажам и што сега ќе го видиш, ако не си го видел досега, подготви се за љубов на прв поглед. Подготви се оти срцето посилно ќе ти зачука и оти очите ќе ти светнат од оваа Божја убавина. Охридското езеро. Ете тука, под Галичица од запад и Јабланица од исток, тука на една од најзападните точки на мојата земја, природата реши, пред којзнае колку милони години да да го смести својот најубав подарок во Европа. Охридското Езеро.

Знаеш што официјално е запишано 4 милиони години. Но не може прецизно да му се одреди страоста и затоа се вели дека е помеѓу 4 и 10 милиони години старо. Да, добро слушаш. Иако на прв погед ќе ти се причини дека е море. Тоа е така поради неговата топла сина боја, која е поинтензивна дури и од небесното синило. Нешто повеќе од 368 км квадратни километри. Ете толку е големо, затоа изгледа како море да е. И кога само би можело самото да раскажува приказни, ах кога само би можело самото да раскажва приказни. Сиот свет би дошол да ги слуша. Приказни се ова од најскапоцените долапи на мојата земја. Слушај. Ова езеро од биолошки аспект, е најзначајниот екосистем во Европа.

Ова езеро има единствена флора и фауна и затоа претставува еден од најголемите биолошки резервати на Европа. Уште во 19тиот век кога се направени првите истражувања, во него откриено е дека како едно од најстарите езера на нашата планета тука во ова езеро, да, да во ова езеро се зачувал прастар жив свет кој на други места воопшто го нема. Значи не постои на други места на планетета или ако воопшто и се најде некаде, тоа е само во облик и форма на фосили. А овде е сеуште во облик на жив свет. Знаеш зошто, бидејки основниот услов којшто овозможил одржување на остатоците на прастариот растителен и животински свет како и воопшто неговата натомашна еволуција, е всушност долгиот континуитет на егзистнција на Охридското Езеро. Јасно ти е патнику намернику, по сево ова што го слушна дека Охридското Езеро, почнало да живее уште пред да почне да живее човекот на оваа планета.

А знаеш ли колку чудотворци битисувале на оваа почва овде!?

И непроценливо е богатството кое тие чудотворци го посеале овде и го оставиле во наследство за век и веков. Еден од нив Св Наум Чудотворец. Неговиот манастир е на едно од седумте најубави места на планетава. Кога ќе дојдеш до тука, ќе запре се во тебе. И здивот и времето и срцето. И сто пати да дојдеш до тука, секогаш ќе го имаш истото чувство. Една безвременост, која овде маѓепсува. 

Ти велам, во негова чест е изграден овој манастир на најубавото место во мојата Македонија.

Една легенда вели дека охридскиот цар му го изградил овој манастир на Чудотворецот Наум, а друга пак вели дека ова било царски дворец, кој Наум го добива како подарок бидејки со својата чудотворна моќ, ја излекувал царската ќерка. Прекрасни приказни се ова, исто како и таа дека Наум бил роден во богато и побожно семејство. Токму поради всадената љубов кон христинајството, тој се откажува од сето богатство и се замонашува. Тој бил најмладиот, но и најдаровитиот ученик на најголемите просветитли на Балканот. Св Кирил и Методиј. Секако дека и за нив ќе ти раскажам. Но Наум, Наум всушност раководел со Охридската школа полни сецум години. Потоа се повлекол овде, творел, пишувал учел и ги просветлувал луѓето не штедејки го сето свое знаење со кое бил обдарен.

На 80 години починал и погребан е токму овде. Кога ќе појдеш таму, наслони си го увото овде, за да го чуеш неговото срце. Едни веруваат дека е тоа неговото срце, а други велат дека тој сеуште живее како опомена и совест во душите на луѓето. Но и едните и другите се согласуваат во она што преданијата велат за Наума, а тоа е дека чудата негови биле побројни и од звездите на небото. Толку парички колку што има звезди на небото веројатно има овде од сите светски меридијани, фрлени токму овде каде што Црни Дрим се влева во Охридското езеро. Ништо не е сменето. Луѓето веруваат во чудотворното остварување на нивите желби. Ајде и ти затвори ги очите, замисли си желба и фрли ја паричката. Ќе ти се оствари. Да знаеш дека ќе ти се оствари.

Во следното продолжение ќе ти ја раскажам последната приказна за оваа моја чудесна земја. Ќе те однесам на Матка, на Водно и во престолнината.

Но знај, дека, ова што јас ти го раскажувам во овие неколку продолженија, е само одно камче од големиот мозаик на мојата позлатена од Сонцето-Македонија.


За Женски Магазин, Тања Трајковска

*Ставовите изразени во колумната се лични ставови на авторот и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Женски магазин

Колумната можете да ја слушнете во аудио верзијата подолу