Често го игнорираме, а не треба: Ако го забележите овој симптом веднаш посетете лекар!

Добивај вести на Viber

Фото: Shutterstock

Постојаниот висок пулс на срцето може да укаже на проблеми со тироидната жлезда

Никој не обрнува внимание на овој симптом, а, тоа укажува на тешки услови.

Постојано високиот пулс може да укаже на проблеми со тироидната жлезда, како и анемија и развој на тахикардија, вели познатиот кардиолог д-р Салим Јусуф.

А, кои вредности на пулсот ги сметаме дека се забрзани?

Јусуф вели дека вредностите од 60-80 отчукувања во минута се сметаат за нормални за здраво лице во мирување. Меѓутоа, ако пулсот е секогаш околу 100 отчукувања, тоа може да биде знак за развој на одредени болести.

„Најчеста причина за овој феномен е дисфункција на тироидната жлезда“, вели кардиологот, додавајќи дека точна дијагноза не може да се постави без анализа на TSH хормонот од крвта (стимулирачки хормон на тироидната жлезда).

„Друга можна причина за забрзано чукање на срцето е анемијата“, истакнува д-р Јусуф, додавајќи дека на овој начин телото се обидува да го надомести недостатокот на кислород.

„Третата најчеста причина за забрзан пулс е постојаната вознемиреност што ја доживува една личност. Ова може да доведе до развој на тахикардија “, предупреди докторот.


Можеби ќе ве интересира:

Најпознатиот специјалист за 'рбет тврди: Овие вежби ќе излечат каква било болка во грбот, од долниот дел до вратот (ФОТО+ВИДЕО)