ЧЕТИРИ ВОДЕЧКИ МОДНИ ТРЕНДОВИ ЗА ОВАА ЕСЕН: Девојките полудеа по овие парчиња

Добивај вести на Viber

Есенските месеци се период кога заземаме низок старт и тргнуваме во нова модна сезона. Погледнете кои се четирите најактуелни трендови кои ќе ги гледаме на сите страни во наредниот период и доколку сакате да го испратите трендот не заборавајте да си обезбедите барем едно парче од списокот.

Животински принт


Модните куќи веќе ги понудија своите стилски предлози во анимал принт. Ако сте љубителки на овој тренд, ќе ви биде повеќе од лесно да го пронајдете својот омилен аутфит.

Разигран каро


Секогаш е интересен, но оваа есен ќе се најде на врвот на модните листи на тренд парчиња. Иако можеби мислевте дека веќе карираното нема да се враќа во мода, се излажавте, бидејќи повторно е хит.

Шик металик


Сребрено, сјајно, металик - се во тие тонови ќе биде повеќе од посакувано оваа модна сезона. Монотоноста на есенските бои ќе ја разбиете со нешто вакво блескаво.

Женствен плиш/кадифе


Миди плиш сукњи ја нагласуваат женственоста и може да се носат во сите прилики. Најдобро од се е тоа што може да ги комбинирате со доста различни парчиња облека и обувки.