Четиричлено семејство од Скопје ужива во планинските авантури: За нас нема изговори за топло-ладно, се водиме по тоа дека нема лошо време, само лоша облека или опрема

Добивај вести на Viber

Четиричленото семејство од Скопје, Ирена, Бојан, Ева и Андреја заедно со нивното куче Марфи  ги освојуваат планинските врвови и уживаат во прошетките на планина и чист воздух.

Водени од идејата и желбата што повеќе време да поминуваат во природа, самоиницијативно се мотивирале и организирале најразлични тури, а со тоа спонтано дошло и отворањето на Инстаграм профилот „Турни ме да кинисам“, а потоа и блогот.

View this post on Instagram

A post shared by Турни ме да кинисам (@turnimedakinisam.mk)


Пандемијата била само „отскочна штица“ слободното време како семејство да го поминуваат во природа.

Еве ја приказната на „Турни ме да кинисам“...

ЖМ:„Турни ме да кинисам“ интересно име за инстаграм профил кој има за цел мотивација и едукација, од каде идејата за името?

-Името спонтано ни дојде. Имавме бура од идеи сите четворица. Сакавме да еавтентично и интересно, наше... да не е клише. И веднаш да се сфати која е нашата цел.Мислам дека е полн погодок.

ЖМ: Кој стои зад овој профил и како и кога всушност започна приказната со „Турни ме да кинисам“?

-Зад блогот стои четиричлено семејство и едно кученце. Ева (13) и Андреја (11), се главниликови, а Марфи е водичот. Тие навистина пишуваат на блогот, а ние едитираме илекторираме.Приказната започна за време на пандемијата, кога многу семејства пројавија желба дапоминуваат време во природа, да планинарат или да возат велосипеди. Многу нашипријатели ни бараа идеи за убави места во природа, нѐ прашуваа за совети, но и често ниправеа друштво. Па така дојде правото време да се оствари идејата, да се помогне на ситекои сакаат да одат во природа, а не знаат каде и им треба совет плус и да се мотивираатсите оние кои викендите ги поминуваат во затворени простории, молови и слично.

ЖМ: Андреја, Ева и Марфи се ентузијастите за откривање на нови авантури. Како изгледа еден викенд поминат на планина со нив?

-Пред две три години на ова прашање одговорот ќе беше поинаков. Тие се веќетинејџери и мораме да ги почитуваме нивните желби и потреби, па однапред седоговараме и планираме каде ќе се оди следниот викенд според нивните обврски.Викендите на планина ни се сосема опуштени и лабави, тоа се моменти кога мозоците нисе на пасење буквално, тоа е време само за нас, разговараме и уживаме во природата.

ЖМ: Колку беше тешко или лесно децата да ги оттргнете од пред компјутери и да им наметнете поинакво темпо кое е добро за нивната физичка активност, истражување, учење на нови работи во природа. Наидовте на тоа дека имате одлична идеја или имаше двоумење дали да се прифати предизвикот?

-Ева и Андреја се од бебиња на планина и навиката им е наметната спонтано. Ни требаанеколку години додека беа мали, да им ја всадиме љубовта кон природата, дапотпораснат, за конечно сите заедно да освоиме некој врв или да уживаме во подолгатура. Сега тие се едни обични тинејџери кои обожаваат да се на телефон со своитеврсници, но знаат дека барем еден ден од викендот ќе одат на планина со родителите. Сенадевам дека ова ќе потрае.

ЖМ: Како се одлучувате која локација ќе ја посетите? Што е пресудно за одлуката за некоја локација, дали можеби физичката подготвеност, временските услови?

-Од се по нешто. Временските услови секако да. Во последно време и обврските не нидозволуваат да сме многу долго отсутни, па бараме некоја пократка тура, тоа значи воблизина на Скопје. Се надеваме дека многу скоро ќе ги посетиме источните планини коини се на листа.

ЖМ: Колку често во месецот планинарите, имате ли однапред подготвен план кое место ќе го посетите?

-Секој викенд барем еден ден. Се случува ретко да пропуштиме викенд поради неодложниобврски, ама надополнуваме. Правиме план една недела однапред.

ЖМ: Може ли други ентузијасти да ви се приклучат во вашите „Турни ме да кинисам“ авантури?

-До сега не сме направиле групна тура на некој врв, затоа што не сме сертифицираниводичи. Сепак, планинарењето е спорт каде многу фактори треба да се имаат предвид, одвременски услови, опрема, до подготвеност. Но, сме размислувале на групна тура вооколните места, каде може да земат учество и љубители на природата кои не се доволнофизички спремни. Се надевам ќе го оствариме тоа наскоро.

ЖМ: Имате и активности (според вашиот блог) додека сте во планина, како обележување на планински патеки, што се друго правите како луѓе што ја сакаат природата?

-Единствено што можеме да правиме додека сме на планина и да ѝ бидеме секако одкорист на природата, е да ги собираме отпадоците зад несовесни „планинари“. За жал имаи такви. Инаку патеките кои ги одиме, па дури и многу кои не сме ги изоделе се со GPSзапис на нашиот блог. Значи има објаснување со фотографии под оние кои сме ги посетилеи GPS запис кој може да си го симне секој на својот телефон преку посебна апликација. Сѐшто сме искусиле на планина со деца е пренесено на нашиот блог и многу други статиикои секому би биле од корист, како на пример: како се употребуваат планинарскистапчиња, како да одберете правилни чевли за децата, како да одберете шатор, што еGore-tex, и многу други интересни теми.

ЖМ: Кое годишно време е најубаво за уживање во пејзажите на нашите природни убавини?

-Сите годишни времиња си носат своја убавина. Но, омилени се пролетта, тогаш се се будиприродата и временските услови се најпогодни и секако есента со нејзините прекраснитопли бои.

ЖМ: Неколку локации во нашата земја кои се омилени на „Турни ме да кинисам“ и на кои знаете често да се навратите?

-Омилена засекогаш е Лешница, таа е срцето на Шара, нашиот бисер. И воопшто секој врвна Шара нуди неверојатни пејзажи кои ти го одземаат здивот. Шара е ненадминливазасекогаш.

ЖМ: Обично луѓето на кои им е потребна поголема желба и мотивација за да заминат рекреативно на планина, често знаат да најдат изговори, ладно е, топло е, па немам соодветна опрема, не сум доволно кондиционо подготвен. Како се мотивирате вие?

-За нас изговори околу ладно/топло нема. Се водиме по тоа дека нема лошо време, самолоша облека или опрема. Секако доколку не се работи за навистина лоши временскиуслови. Позитивната енергија која ве држи цела недела после ден поминат на планина едоволно голем мотив. Здравјето на децата, црвените обравчиња, квалитетното времепоминато надвор на чист воздух.. сето тоа е доволен мотив да размислуваме на следнатанаша тура.

ЖМ: Сте имале ли некоја блиска средба со некое диво животно?

-Сме виделе лисици, орли, па дури и мечка, која среќа беше доволно далеку, а ние бевмепоголема група, па најверојатно ја исплашивме.

ЖМ: Непријатна ситуација?

-Имавме авантура на нашиот викенд во планинарскиот дом Чеплес, кога со велосипедитргнавме од с. Нежилово до планинарски дом Чеплес, а следниот ден го искачувавмеврвот Солунска Глава. По патеката по која се движевме со велосипеди го згрешивмеправецот, а тогаш немавме gps уред. Набрзо почна да се стемнува, не знаевме дали да севраќаме назад, немавме време и моравме брзо да реагираме. За среќа нѐ слушнааловџиите „Бабунските Рисови“ – спасителите на нашата тура. Не ни се веруваше кога никажаа дека не би било ништо чудно да налетаме на мечка штом се стемни, затоа што башпред некој ден ги разбудила мечка која барала храна во нивната куќичка кадепреноќуваат. Ние дојдовме токму за време на нивниот ручек. Нè нагостија и со теренсковозило во ноќта нè пренесоа до домот Чеплес. Навистина нѐ спасија.

ЖМ: Дали сте кампувале во природа?

-Да, сме кампувале. На Лешница, Љуботен, на Јакупица.. Преубаво искуство.

ЖМ: Кои се следните дестинации на вашата листа за периодот кој следи?

-Не сме ги посетиле источните планина, а знам дека нудат неверојатна убавина: Беласица,Малешевска, Осогово, Плачковица, Кожуф... Тие ни се во план.

Габриела Додевска Глигоровска