ЧЕТВРТИОТ БРАН НА КОВИД НАЕСЕН, НО НЕМА МЕСТО ЗА ПАНИКА: Д-р Петличковски објасни зошто

Добивај вести на Viber

По се интензивното ширење на делта варијантата на корона вирусот низ европските земји и во светот, сојот извесно време е присиутен и во Македонија. Веќе имаме потврдени четири случаи, од кои последниот, за кој вчера информираше министерот за здравство, Венко Филипче, е хоспитализиран во болницата во Велес. Истовремено, има уште четири пациенти кои се лекуваат во Скопје, за кои се чекаа разултатите кои ќе утврдат дали станува збор за делта сојот, но она што здравствените власти посебно го потенцираа е дека ниту еден од овие случаи кои се заразени со индиската варијанта не е вакциниран.

-Ниту еден од ковид позитивните пациенти кај кои е изолиран делта сојот на SarsCov2 не е вакциниран за Ковид 19. По направените анкети со пациентите утврдено е дека никој од нив не примил ниту една доза вакцина, односно ниту се вакцинирани, ниту ревакцинирани. Од вкупниот број позитивни пациенти, кај кои е утврдено присуство на делта сој, само еден е во многу тешка состојба. Станува збор за пациент, кој 8-9 дена откако појавил симптоми на Ковид 19, одбивал да оди на лекар и бил во домашна изолација. Во моментов се вршат епидемиолошки анкети на останати членови од семејството на двајца од хоспитализираните пациенти, кои живееле во заедница и возможно е да се утврди и кај нив присуство на индијски сој на вирусот. Министерството за здравство апелира до граѓаните за што помасовна вакцинација, како и придржување кон основните препораки за заштита од Ковид 19. Сите вакцини со кои располагаме се безбедни и ефикасни и се единствениот начин за заштита од Ковид 19, велат од Министерството за здравство.


Целата сторија читајте ја на Фактор тука.