ЧОВЕКОТ ШТО ЈА ИЗМИСЛИ РУСКАТА ВАКЦИНА СО ПРОГНОЗА - ќе ја контролираме короната исто како грип

Добивај вести на Viber

Ќе се создадат соодветни мерки и средства за борба против инфекцијата, што ќе овозможи короната да се пренесе во категоријата на болести кои можат да се спречат со вакцини, рече директорот на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија, Гамалеја.

Поради создавањето ефективни средства за борба против коронавирусот, инфекцијата со коронавирус во иднина ќе стане иста болест контролирана со вакцина како грип, вели Александар Гинцбург, директор на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија, Гамалеја, пренесува Тасс.

„Ќе помине како грип, во смисла дека ќе создадеме соодветни мерки, средства за борба против оваа инфекција и ќе ја истуркаме од категоријата на новонастанати болести во категоријата на болести што сега се спречуваат со вакцини - како мали сипаници, рубеола и така натаму. Ќе научиме како од неа да се браниме ефикасно“, рече тој во документарниот филм „Додека живееме - ќе живееме“.