Чудесната диета на Марија Шерифовиќ која топи килограми: За 7 дена ќе исчезнат и до 3 килограми, ако сте гладни, само направете го ОВА

Добивај вести на Viber

Пејачката се обратила до нутриционит за помош при слабеењето 

Познатата поп пејачка Марија Шерифовиќ со години е на јавната сцена, а неодамна реши еднаш засекогаш да се ослободи од вишокот килограми што ги имаше.

За помош во тој процес се обратила кај нутриционист и се присилила да ги следи правилата што ѝ ги препишале. Иако вели дека не било лесно, пејачката ослабе значителен број килограми, а приказната за слабеењето ја раскажа неколку пати.

Така тамошните медиуми успеаја да ја дознаат тајната на нејзината и онака многу добра фигура, а за многумина Марија беше инспирација да го започнат патот на слабеењето.

View this post on Instagram

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)


Како што наближува летото, не е лошо да се потсетиме на нејзината позната специјална диета.

Исхраната на Марија во периодот на слабеење се базираше на салати, младо сирење, туна и бело месо. Пејачката на самиот почеток ги повика сите да се приклучат на седумнеделниот план на исхрана.

- Ова е план на исхрана кој одговара на мојата тежина и крвна група и секој треба да си најде соодветен план за себе. Седум дена ќе се хранам здраво, се надевам дека нема да ја прекршам диетата. Зелениот чај е задолжителен, тоа е нешто со кое го започнувам денот - изјави Марија.

Шерифовиќ за време на диетата и овие седум дена детоксикација неколку пати била гладна, но успеала да одолее на искушенијата и да се храни здраво, а за една недела ослабела 2,8 килограми.

View this post on Instagram

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)


Кога ќе почувствувала глад, Марија пиела чаша обична негазирана вода или додавала малку лимон во неа. Тоа би ѝ помогнало некое време да ја „излаже гладта“.

- Тоа е голем успех, секако дека можеше и подобро, но резултатот секако е добар. Не се надевајте дека вака ќе биде секоја недела, бидејќи стартот веднаш води до исфрлање на вишокот течности и токсини - заклучила Марија задоволна од резултатите од првата недела.

Таа и по првата недела продолжила да се храни максимално здраво, а во текот на неколку месеци успеала да изгуби двоцифрен број килограми. Внимателно се подготвуваше за концертите и сè и беше многу полесно откако го изфрли вишокот и сега се чувствува подобро во своја кожа од било кога.

Извор: glossy.espreso.co.rs