Чувство на контрола: Ден посветен на дамите љубители на високите перформанси на Porsche и TAG Heuer
На “Road show” настаните со автомобили и часовници мажите обично се побројни од жените. Но „Porsche Македонија“ и „Божиновски часовници и накит“ тоа го променуваат на специјално посветениот ден на дамите љубители на високите перформанси.
Дамите покрај тоа што имаа есклузивна можност да возат некои од моделите на Porsche, детално се запознаа и со часовникот TAG Heuer Carrera X Porsche, лимитирана едиција на часовник наменета за сопствениците и љубителите на овој автомобилски бренд, како и раскошните женски модели на Carrera и Formula 1 разубавени со дисплеи од седеф, дијаманти и керамика.
Часовниците се достапни во „Божиновски часовници и накит“ во мал лимитиран број, а можат да се погледнат на линкот: https://bit.ly/3QwwVcA
Гостите на „Божиновски часовници и накит“ и Porsche Македонија имаа ексклузивна можност од прва рака да ја почувствуваат моќта која се создава кога ќе направат заедничка соработка два моќни бренда од врвот во својата дејност.
Погледнете ја фото галеријата од заедничката презентација на Porsche Македонија и „Божиновски часовници и накит“ за дамите љубители на овие два брендови.