Creative Hub Мајами и американската лиценца се мојот најголем успех - Америка ми даде статус на личност со изнвонредна способност

Добивај вести на Viber

Аријана Коскарова во 2019та година ја доби наградата Форбес под 30, за веднаш по неколку месеци да биде единствената македонка наградувана во Давос за време на Светкиот Економски Форум.

Ќе каже дека е најгорда на фактот што Creative Hub остана 100% македонски бренд и македонски производ, иако е со канцеларии во Приштина и Мајами, покрај Скопје.

Во 2019та го организираше Балкански претприемачки самит, а на најзина покана дојде во Скопје и главниот уредник на магазинот Форбес, Рандал Лејн.

Во 2021та победи и на Светскиот инвестициски настан во Мајами, а темата на денешното интервју е токму отворање на третата школа за дигитални вештини на Creative Hub во Мајами и официјалната лиценца од американското министерство за образование.

Аријана, веќе една и пол година живеете во Мајами, како се случи да заминете?

Аријана: Најпрво да се заблагодарам на целосната поддршка која сте ни ја дале и мене и на Creative Hub низ годините. Заедно сме едуцирале и сме пренесувале искрени стории и репортажи и од Форбес од Тел Авив, Амстердам, Њујорк, Давос... Чест ми е да бидам гостин на вашиот медиум.

Во Мајами заминав со идеја да имам неколку состаноци со адвокати и да разберам како можеме да го отвориме Creative Hub таму. Секој што живеел во Америка знае дека најтешкиот пат се документите. Работев со одличен тим на адвокати, и можеби мојата најголема гордост е моментот кога  Америка ми даде статус на личност со извонредни способности со кој станав и резидент.

Какво е чуството кога најмоќната земја во светот ќе ве прогласи за личност со извонредни способности? Како се стига до таму?

Аријана: Чувството е неверојатно! Едноставно не веруваш дека ова навистина се случува. Посакуваш, но не ти е реално дека е навистина можно.


За да се стигне до тој статус, една личност треба да исполни 10 критериуми, кои се навистина тешки, и кога ја припремавме апликацијата адвокатот ми рече, Аријана ти ги исполнуваш условите како ова да било навистина за тебе.

Што се случуваше после тоа?

Аријана: По добивањето на дозволата за работа веднаш започнавме со спремање на процесот за добивање на американска лиценца за школо. Буквално цел процес го работев сама, не сакав да ангажирам консултант бидејќи сакав сама практично да ги истрчам процесите, на некој начин како “real-time MBA”. На ова сум особено горда бидејќи толку многу научив за бизнис и правни работи во Америка што сега имам самодоверба за да отворам уште 5. ( ха, ха )

Во Америка лиценцата за школо е најтешка лиценца за добивање, и е процес од околу 13 месеци, но кај мене и кај брат ми кој ми е бизнис партнер немаше дилема, дали и зошто го правиме ова.

Едноставно сфативме дека ние сакаме да играме на долги стази и тука успехот не е преку ноќ.

Честопати знам да кажам во Америка треба да имаш пари пред да отвориш бизнис, бидејќи ќе ти отидат парите во чекање лиценци., но можеби и тоа е добро бидејќи нелојалната конкуренција ќе се исфилтрира.

Што значи Американска лиценца? Какво знаење има за студентите американската диплома?

 Аријана: Американска лиценца значи дека имаме статус на американско школо кое издава американски дипломи со печат од американското министерство за образование. Тоа значи дека дипломите кои студентите ги добиваат кај нас се валидирани американски дипломи.

А што значи за самите студенти? Ќе ви дадам еден обичен пример. Млада личност која има амбиција да живее и да работи во Америка, ако заврши онлајн Академија за програмирање во Creative Hub Miami, ќе има американска диплома издадена од американско школо. Шансите за работа како и самата перцепција се нормално неспоредливи, со некој што завршил локално школо кое не е лиценцирано и валидирано. Едноставно Америка има стандарди и секоја ИТ компанија знае дека лицецна значи дека твоето школо поминало низ 13 месечен процес на постигнување на тие стандарди и дека луѓето кои ќе излезат преквалификувани навистина ги исполниле критериумите.

Американска диплома значи и шанса да работите во Американска компанија по американска плата.

Како можат студентите да се пријават во Creative Hub Мајами?

Аријана: Уписите започнуваат веднаш после Новата година, заинтересираните може да стапат во контакт со мене на нашата веб страна https://creativehub.mk/ или да се јават на 071 214 849. На секој кој се размислува за кариера можам да му објаснам, и да му дадам насока.

Неретко се случува и да ги поканиме најдобрите студенти од Скопје да ни бидат гости во Мајами.

Во јуни имав гостинка од Скопје од Академијата за UX UI дизајн. Беше на двонеделно стажирање во Мајами.

Ако нешто не прави поразлични од другите тоа е нашата непосредност и конекција со нашите студенти. Оној пристап каде основачите се тука бидејќи им служат на клиентите е мантрата која не води и која е клучот за нашиот успех низ овие 6 години.

Споменавте 6 години, што ќе се случува во четврток?

Аријана: По големиот настан кој го направивме во Приштина пред 2 недели, во четврток на 14ти декември правиме гала коктел за нашите студенти, соработници и пријатели.

Ќе славиме 6 години од Creative Hub, 100% македонски бренд и македонски производ со канцеларии во Скопје, Приштина и Мајами.