Црни бројки во светот: Повеќе од половина милион заразени за еден ден, Европа забележа најмногу заболени

Во светот, 125,87 милиони луѓе заболеле од Ковид-19 од почетокот на пандемијата .

Повеќе од 509.000 луѓе во светот се заразени со вирусот корона во изминатите 24 часа, покажуваат вечерашните податоци на Светската здравствена организација (СЗО).

Според СЗО, 125,87 милиони луѓе се разболеле во светот од почетокот на пандемијата на ковид, објавија агенциите.

Вчера се забележани повеќе од 8.800 смртни случаи, па бројот на смртни случаи е 2,79 милиони.

Европа вчера имаше најголем број случаи на ковид - 230.467 случаи (45 проценти), додека Јужна и Северна Америка имаат 149.102 случаи. На трето место е Југоисточна Азија (63 837).


Foto: Reuters