Црно-бел стил што ги подмладува постарите од 50 години: Повозрасна модна блогерка советува

Добивај вести на Viber

Повозрасната (плусејџ) модна блогерка, Пилар де Арк, лесно прави феноменални модни комбинации.

Затоа оваа стилска Шпанка одржува одлични лекции за модата затоа што сè што носи на неа изгледа добро. Нејзиниот стил е женствен, но никогаш досаден, па затоа е фантастичен пример како модниот стил станува сè понадграден со возраста.

View this post on Instagram

A post shared by Pilar De Arce (@codigopilar) on


Пилар е вистинска модна икона, па не е изненадувачки што нејзината модна армија следбеници расте од ден на ден. Одмерена и елегантна, оваа блогерка „50 плус“ докажува дека светот на модата дефинитивно не е резервиран само за помладите.

А, она што никогаш нема да излезе од мода е вечната и толку популарна комбинација на црно-бело, што е една од омилените на Пилар де Арк.

View this post on Instagram

A post shared by Pilar De Arce (@codigopilar) on


Разиграниот изглед кој сигурно „брише“ неколку години е надополнет со големи обетки, коса подигната во пунџа и големи очила за сонце во ретро стил- е вистински моден погодок за чиста 10-ка.

View this post on Instagram

A post shared by Pilar De Arce (@codigopilar) on


Ако сакате црно-бели стајлинзи и се плашите дека може да ве направат сериозни, нема да направите грешка ако се одлучите за младешки модел на точки или линии.