Д-р Филгуд тврди дека има само еден лек за слабеење: Открива сè за опасностите од популарните диети, а една е особено штетна

Добивај вести на Viber

фото:Printscreen Youtube/ PRVA

Д-р Филгуд раскажа сè за опасностите од популарните диети и откри кој е магичниот лек за слабеење кој носи сигурни резултати.

Доктор Саша Плеќевиќ, попознат како доктор Филгуд, гостувајќи во Утринска емисија на ТВ Прва, Србија, ги откри сите маани на популарните диети како автофагија, кето и детоксикациските сокови. Според него, ваквите диети можат да бидат многу контрапродуктивни.

Тој тврди дека автофагијата доведува до зголемување на телесната тежина и метаболички нарушувања.

Автофагија - наизменичното гладување

„Недостатоците на оваа диета се што луѓето се премногу гладни, не можат да издржат. Не е здраво, ако јадете 4 часа, а не јадете 20, по одредено време метаболизмот се забавува, по што ако јадете помалку, ќе се здебелите“, рече тој.

Кето

„Со кето диетата се претерува со намалувањето на јаглехидратите, па затоа организмот мора да се снабдува со енергија од мастите“, истакна тој.

Тој исто така тврди дека големото количество на масти и протеини во телото не е здраво, а дека мастите лесно можат да доведат до дијабетес.

„Мастите ги блокираат клетките, не дозволуваат шеќерот да влезе во клетката“, вели тој.

Детокс сокови

Многу популарна метода на детоксикација станаа соковите за детоксикација, а д-р Филгуд тврди дека на овој начин организмот се доведува во дефицит и дека на тој начин ништо не му се обезбедува.

„Сок од исцедени четири портокали само поминува низ стомакот. Феноменално е ако сакате да добиете инсулин или дијабетес“, категорично рече тој. „Ризиците од ацидоза се присутни со секој вишок на цедено овошје. Дури и водата со лимон нема никаква корист“, тврди тој.

Тој истакнува дека најдобро е да се напиете чаша обична вода, а откри и магичен трик за слабеење.

„Волшебниот лек за слабеење е умереноста и физичката активност“, заклучи доктор Филгуд.

извор:stil.kurir

Земете го ова наутро со чаша вода за силен имунитет: Доктор Филгуд ги откри најздравите утрински навики, а што вели за кафето?