Да го отвориме заедно новото Битолско детско игралиште и да растеме безгрижно

Добивај вести на Viber

Битола има ново детско игралиште за среќно и безгрижно детство и здраво растење. Ова рекреативно катче е донација од компанијата Бимилкза градот Битола,за сегашните и идни генерациите да растат и да се развиваат во здрава и креативна средина.

Отворањето на игралиштето е на 26ти септември во 11.00 часот и е настан што не треба да се пропушти. Покрај 20те интерактивни игри на самото игралиште, на ова отворање за дечињата е подготвена разнолика содржина со едукативните активности, аниматори, магионичари, а сето тоа придружено и збогатено со веселата изведба на Детскиот хор Ѕвончиња.

Затоа Бимилк ги повикува граѓаните на Битола да бидат дел од свеченото отворање и заедно да придонесат за поголема забава.

„Со големо задоволство го отвораме ова игралиште затоа што на овој начин придонесуваме за безгрижно растење на најмладите. Битолското детско игралиште ќе претставува голема зона за забава и играње, за рекреација и едукација на најмалите, за весело детство и здрав развој, што впрочем е и наша основа на делувањето- да растеме заедно“, велат од Бимилк.

Игралиштето е распространето на површина од 1 400 m2 и вклучува 20 интерактивни игри и рекреативни содржини за деца. На отворањето на игралиштето, со поддршка на Пакомак ќе бидат организирани и едукативни работилници со цел кај децата да се поттикнат креативноста и еколошката свест.

Првата млекарница во државата, што оваа година го одбележува 70годишниот јубилеј, со своите донации и општествено одговорни активности што се одвиваат во континуитет најмногу ги опфаќа децата, нивната едукација и здравиот развој.


ПР објава