Да се потсетиме: Катица Јанева мирисаше на 336 рози- Каков парфем од 800 евра доби од Боки 13?
Текстот е од времето кога беше и најгомемиот заплет со Боки 13 и тогашната специјалната јавна обвинителка Катица Јанева
Бојан Јовановски- Боки 13 кој е во затвор поради случајот „Рекет“, пред и двајцата да завршат зад решетки, ѝ купувал скапи подароци на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која исто така е во затвор откако е осомничена дека посредувала во истиот случај.
Порталот „А1 Он“ тогаш објави дека Јанева од Боки 13 добила парфем вреден 800 евра.
Во текстот не е наведено за која марка на парфем се работи. Женски магазин направи истражување на цените на женските парфеми, и приближно околу 800 евра чини парфемот Joy од Jean Patou. Зборот Joy по кој е наречен парфемот значи радост.
Овој женски мирис е креиран во 1929 година и е еден од највисоко рангираните парфеми некогаш направени. На FiFi Awards во 2000-та година беше прогласен за „Мирис на векот“ од Fragrance Foundation, победувајќи го популарниот Chanel No. 5.
За оваа висока цена од околу 800 евра се заслужни 10.000 цветови на jасмин и 336 рози кои се користат за правење на уникатниот парфем.