„Далеку сум од девица“: Милица Павловиќ за интимните врски, пејачката кажа што мисли за се*с за една вечер

Добивај вести на Viber

Иако многумина ја сметаа за многу конзервативна, пејачката нема ништо против интимен однос за една вечер

Многумина ја сметаа за конзервативна, па дури се зборуваше и дека никогаш не била интимна со маж, Милица Павловиќ во една прилика ги демантираше сите тврдења, а откри и што мисли за интимните односи за една вечер.

- Важно е да го запознаеш човекот, немам ништо против интимните односи за една вечер, но ако тоа ти се случува неколку пати во животот, не мора секој месец - искрена беше Милица во интервју за ТВ Прва.

За нејзините врски не се знае речиси ништо, но таа неодамна во една емисија реши да проговори за врската со поранешното момче Николас Савељиќ. Павловиќ објасни зошто го направила тоа дури откако завршила врската:

- Бидејќи не зборувам за врски, на Твитер напишаа: „Еве ја девицата“. Далеку сум од девица. И тогаш решив, да кажам за некого, за повеќе да не бидам. Се намести ситуацијата, таква беше и емисијата. Не се каам. Можам да откријам и некој друг, но тоа не е важно – изјави еднаш пејачката.

Милица истакна и дека има мажи кои ги смета за привлечни кои се дел од јавната Балканска сцена, а како пример ги наведе Вук Костиќ, Виктор Савиќ и Мики Дамјановиќ.


Фото: Youtube - screenshoot