ДАЛИ БИ КУПИЛЕ: Пиво се продава во пластични кеси

Добивај вести на Viber

Во градот Киндгао  во Кина граѓаните купуваат пиво во пластични кеси. 

Продавачот, Ванг Цицаи, кој дневно продава од 8 до 13 туби пиво, вели дека жителите оддамна таму го купуваат омилениот пијалок во пластични кеси.

„Тоа е практично и многу лесно“- објаснува Цицаи. 

По купувањето на пиво, мештаните кесите ги носат дома, а потоа пивото го истураат во чаши и го пијат како и сите останати.

Постои уште еден начин да го испијат пивото од кесата, а тоа е кога ќе направат дупка од страна.