Дали децата единци имаат поинаков мозок од оние кои имаат браќа и сестри?
Скенирање на мозокот на испитаници ги потврдило овие наоди, бидејќи се забележани значајни разлики кај единците во области кои се задолжени за флексибилност, фантазија и планирање.
Често се верува дека единците се попаметни и поповлечени од другите деца, бидејќи нивните родители им посветуваат повеќе време и пари. Бидејќи децата единци не мора да делат играчки, соба или родителско внимание, се претпоставува дека тие не се доволно подготвени да се согласуваат со други.
Но, дали мозокот на единците е различен?
Психолозите од Југозападен универзитет во Чонгкинг спровеле истражување на над 250 студенти, со користење на стандардни тестови за интелигенција, креативност и личност со цел да се измери нивната интелигенција и ниво на сложување со другите.
Она што го заклучиле е дека децата кои се единци во семејството го имаат, во просек, истиот коефициент на интелигенција како и другите деца, дека се пофлексибилни, но, исто така, помалку подложни на договор со другите, отколку децата кои имаат браќа и сестри.
Со скенирање на мозокот на испитаниците се потврдени овие наоди, бидејќи се забележани значајни разлики кај единците во области кои се одговорни за флексибилност, имагинација и планирање, како и во областите одговорни за усогласеност со другите, контрола на емоции и расположенија.
Заклучокот на научниците е дека големината на семејството не влијае само на средината во која децата растат, туку и на структурата на нивниот мозок.
Авторите на студиите ги објаснуваат своите наоди со тоа што родителите на едно дете, најверојатно, вложуваат повеќе напори во развојот на неговата креативност, му даваат поголема независност и имаат повисоки очекувања од него.