Дали е можно да забремените после 45-та година од животот без вештачко оплодување?

Познати личности како Камерон Дијаз, која се породи во 48-та, Џенет Џексон во 50-та, Брижит Нилсен, која се породи во 54-та и други, со гордост објавија дека се во блажена состојба во подоцнежните години.

Овој феномен ги охрабри жените да не се откажуваат од породување кога ќе наполнат 45 години, но експертите сега ги обесхрабруваат овие дами.

Тие тврдат: „Да, можно е да забремените после 45-та година од животот, но тешко дека ќе се случи природно“.

Времето кога бременоста е природно најсигурна кај жената е дефинитивно во доцните тинејџерски години до нејзините доцни 20-ти.

По овој период, односно по 30-та година од животот, се намалуваат шансите за бременост на жената. И од средината до крајот на 30-тите, како и во 40-тите години, падот на плодноста се случува нешто побрзо.

Причината за ова е затоа што жената е родена со фиксен број јајце клетки во јајниците и како што старее, бројот на клетки почнува да се намалува.

Покрај намалениот број, преостанатите јајце клетки имаат поголема веројатност да имаат абнормалности, па токму затоа е поголема веројатноста жените во тие години да имаат спонтан абортус.

Повозрасни жени, исто така, имаат поголема веројатност да имаат гинеколошки нарушувања кои влијаат на плодноста, како што се миома на матката, ендометриоза и други.

Сето ова значи дека на жените постари од 45 години им е многу тешко да забременат природно, но тоа не е невозможно. Меѓутоа, ако постои желба, најдобро е да се подложи на технологија за асистирана репродукција.

Фото: Shutterstock