„Дали Хари конечно се разбуди? По веста дека принцот има приватна соба, се шпекулира за проблеми во бракот со Меган Маркл
Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia
Додека Меган Маркл и принцот Хари молчат, се шират гласини дека нивниот брак е далеку од идиличен
Од време на време, британските медиуми тврдат дека не е сè идеално во бракот на принцот Хари и Меган Маркл, војводата и војвотката од Сасекс, но парот цело време изгледа вљубено, хармонично и обединето наспроти сите коментари.
Но, неодамна им се придружија и американските медиуми кои изјавија дека принцот Хари има хотелска соба во близина на нивниот дом во Монтесито, Калифорнија, во која оди сам и дека повремено посетува приватен и ексклузивен клуб во Лос Анџелес. Ова ги подгреа гласините дека брекот не е идиличен, а медиумите сега пишуваат дека Хари и Меган не ја прославиле својата петта годишнина од бракот.
Имено, тие го кажаа судбоносното „да“ на 18-ти мај 2018-та година, а „Daily Mail“ и „The Telegraph“ пишуваат дека не ја прославиле годишнината и дека веќе некое време не покажуваат наклонетост еден кон друг.
Пол Бурел, поранешен вработен на мајката на Хари, принцезата Дијана и нејзин близок пријател, истакна дека верува оти Меган му го „исперила мозокот“ на синот на неговата миленичка и дека мисли дека сега се „освестува“.
– Дали сум единствениот во ОК што размислува „Дали Хари се разбуди и ја виде вистината“? – праша тој во интервју за „GB News“. „Дали конечно виде што прави неговата сопруга, дека му го испра мозокот и го заслепи нејзината убавина или нешто друго?“
Тој исто така истакна дека не се сомнева дека принцот Хари еден ден ќе се врати во Англија, а кралот Чарлс и принцот Вилијам, неговиот татко и брат, ќе го пречекаат со раширени раце.
Извор: glossy.rs