Дали ја познавате? Последна ја претставуваше Југославија на Евровизија: Сега има 64 години и воопшто не се променила
Сега има 64 години, а воопшто не се променила
Настаните поврзани со Евровизија деновиве го окупираат вниманието на јавноста.
По тој повод, во емисијата „Пулсот на Србија“ на Иван Гајиќ гостуваше познатата пејачка која беше последниот евровизиски претставник на поранешна Југославија.
Тоа е проф. д-р Снежана Бериќ, Екстра Нена која на тогашната Евровизија ја отпеа песната „Љубим те песмама“.
Водителот Иван Гајиќ, по сопствено признание, се плашел да не изостави некоја титула на оваа уметница при објавата, бидејќи таа не е само пејачка, туку и доктор на науки и професор на универзитет.
А нејзиниот изглед, по долги години кои во меѓувреме поминаа, не е значително променет во однос на 1992-ра година кога пееше на Евровизија.
Таа се сеќава на евровизискиот натпреварувачки период како среќен момент:
- Среќна сум што ова се случи во мојот живот. Пресреќна сум кога ми пристигнуваат спомени од драги колеги и композитори. Тоа е особено голем успех со оглед на тоа што тогаш имаше војна и кога нашата земја беше деградирана како земја во однос на сите други, но ние стоички ја претставивме.
Извор: espreso.co.rs