ДАЛИ ЛИЧИМЕ НА ЕУ - ПРВА ЕПИЗОДА: Емоции, шамар од реалноста за лицата со попреченост

Добивај вести на Viber

Способности и попречености е првата емисија од серијалот документарни филмови „Дали личиме на ЕУ“, Во првата епизода за лицата со попреченост - Нивниот глас овде и во Словенија. Многу емоции, ама и шамар од реалноста.

Елена Кочовска, Полио Плус: поради погрешен образовен, медицински, религиски пристап голем дел од лицата со попреченост немаат завршено ниту основно образование.

Игор Шаиновски, продавач на Лице в Лице: Научив како се живее со ова. Како самостоен човек сакам да работам и креирам, можам сам да се гледам самиот себе. Тоа ми е најголема цел.

Мира Потокар, компанија Желва, Словенија: Сите работни места се прилагодени да можат да ги работат сите. И оние со попреченост и оние без.

Инаку во Словенија има 9 закони кои ги штитат правата на лицата со попреченост. ВО Македонија невработеноста во последните 10 години падна од 33 на 17 отсто, а кај лицата со попреченост остана 50 отсто.

Погледнете ја првата емисија од серијалот.

Филмовите се емитуваат на ТВ Алсат М, секој вторник и петок, во рамки на емисијата #Попладне #Pasdite, со почеток во 16:40 часот.